fbpx

БАРСЕЛОНА – Софистицирана, елегантна и романтична стара дама. Импресивните и необични градби на Антонио
Гауди го чинат овој град единствен, а благодарение на широкоградиот дух на Шпанците таа не е само станица на илјадници туристи туку и место каде ќе ја почуствувате топлината на домот. Искористете ја уникатната можност да ги посетите и искусите од прва рака сите културни и архитектонски зданија кои овој град ги нуди на дофат и уживајте во Паркот Гуел, плоштадот на Кристофер Колумбо, плажата Барселонета, плоштадот Каталунија од каде започнува светски познатата пешачка и шопинг улица La Rambla, плоштадот Еспања со импресивните фонтани, Олимпиското село, брдото Монтжуик, олимпискиот стадион, Камп Ноу, музејот на Дали во Фигерас, како и огромен број на други класични и модерни архитектонски ремек дела .

КОСТА БРАВА – крајбрежен регион и популарна туристичка дестинација поради умерената клима и прекрасните плажи со кристално чиста вода и волшебен, ситен песок. Додека еден дел од брегот на Коста Брава станал развиена туристичка дестинација, останатите делови го задржале традиционалниот изглед и станале „скриенa скапоценост“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, море, песок и Сангрија. Меѓу најпопуларните одморалишта на овој брег се Калеља, Пињеда де Мар, Санта Сузана, Лорет Де Мар, Бланес... Она што ги прави уште поатрактивни е близината на Барселона – само окулу еден час со воз.


БАРСЕЛОНА – КОСТА БРАВА – САЛВАДОР ДАЛИ
16.04.2024 – 22.04.2024 | 6 ноќи - 7 дена | Полу Пансион | Лет од Скопје Авионска програма ✈

Авионски лет: Lufthansa Airlines (Скопје – Франкфурт – Барселона - Франкфурт - Скопје)
Поаѓање: 16.04.2024 во 06:45ч. (Скопје)
Пристигнување: 16.04.2024 во 15:30ч (Барселона)
Сместување: Хотел 4* во Коста Брава
Услуга: 6 ноќевања на ПОЛУ ПАНСИОН + вклучено вода и вино со вечера
Друго вклучено: Трансфери + вклучен разглед на Барселона + претставник од Македонија
Враќање во Скопје: 22.04.2024 во 22:25ч.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1 ДЕН. ( 16.04.2025 - СРЕДА ) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:45 часот. Лет за Барселона со конекција преку Франкфурт во 13:25 часот со авиокомпанијата Lufthansa Airlines. Пристигнување во Барселона во 15:30 часот по локално време. Трансфер до хотел во некое од туристичките места на Коста Брава, превземање на собите. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

2 ДЕН. ( 17.04.2025 - ЧЕТВРТОК ) КОСТА БРАВА - БАРСЕЛОНА
Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен излет и разглед на BARCELONA со превоз и локален водич. Започнуваме со панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал, главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, плоштадот Каталонија - централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега нај познатата и секогаш забавна авенија Ла Рамбла, споменикот на Колумбо - местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на Каталонската уметност, со фасцинантен поглед према целиот град, плажата Барселонета, триумфалната капија...Пешачка тура низ познатиот Готски кварт и Ла Рамбла со посета на живописниот пазар Mercat De la Boqueria... Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до хотел. Вечера. Ноќевање.

3 ДЕН. ( 18.04.2025 - ПЕТОК ) КОСТА БРАВА – ЖИРОНА – ФИГУЕРЕС
Појадок. Факултативен целодневен излет, посета на Girona и Figueres. Girona е град во североисточниот регион на Каталонија во близина на границата со Франција, покрај реката Onyar, познат по средновековната архитектура, посебен шарм на овој град даваат стариот кварт Barri Vell и Римските остатоци од тврдината Forca Vella, град во кој доминираат средновековни градби и потсетници на Римјаните, Арапите и Евреите, насекаде има можност да се проба регионалната кујна која во своите рецепти ги обединува производите од морето и планините. Импресивната Готска Катедрала во Girona е една од најпрепознатливите локации од култната серија Game of Thrones. Посета на Figueres, посета на ексцентричниот музеј и театар на Салвадор Дали. Музејот на Салвадор Дали се наоѓа во неговата семејна палата, а изложбата, која е компилација на делата на уметникот од различни периоди, ја поставил самиот маестро. Секоја просторија од овој необичен музеј може да се види како еден вид уметничко дело. Освен сликите на Салвадор Дали, секако може да се видат и многу негови дела и необични инсталации. Враќање во Коста Брава во вечерните часови. Вечера. Ноќевање.

4 ДЕН. ( 19.04.2025 - САБОТА ) КОСТА БРАВА – МОНСЕРАТ
Појадок. Факултативен целодневен излет, посета на Montserrat. Монсерат потекнува од латински и каталонски, што значи „назабена планина“. Ова име го опишува назабениот изглед на планината, со пили, кој се карактеризира со нејзините уникатни врвови во облик на игла и карпести формации. Овие формации се обликувани во текот на милиони години од природните процеси на ерозија, создавајќи драматичен и карактеристичен пејзаж. Монсерат е спектакуларно прекрасно планинско одморалиште на бенедиктински монаси околу еден час северозападно од Барселона. Манастирот Монсерат е од значајно религиозно значење и природната убавина што го опкружува манастирот го одзема здивот. Ќе дознаете за светата пештера каде што биле пријавени посети на Дева Марија, како и рециталите на светски познатиот хор на Монсерат, заедно со детали за планинската прошетка со поглед што го одзема здивот.За многу посетители, патувањето во Монсерат, е врв на нивната посета. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

5 ДЕН. ( 20.04.2025 - НЕДЕЛА ) КОСТА БРАВА – БАРСЕЛОНА
Појадок . Факултативен излет во Барселона – делата на Гауди. Поаѓање кон PARK GUELL, кој е дел од листата на Светското Културно Наследство под заштита на Унеско, ремек делото на познатиот Шпански архитект Антони Гауди кој е составен од прекрасни градини и уникатни архитектонски елементи. Неговите дела денес се симбол на Барселона и се карактеризираат со меки и брановидни линии, односно елементи кои наликуваат на живи организми. Благодарение на неговата архитектура градот станал туристичка атракција. Посета на LA PEDRERA CASA MILA, на Гауди, една од најпознатите градби на архитектот, како и автентичен симбол на градот Барселона кое е тотално уметничко дело. Неговите дела кулминираат со создавањето на базиликата и црквата на Светото Семејство – Sagrada Familia која исто така е Светско Културно Наследство под заштита на Унеско. Посета на SAGRADA FAMILIA, најголемата недовршена Католичка црква во светот чија изградба е започната од 1882 година. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

6 ДЕН. ( 21.04.2025 - ПОНЕДЕЛНИК ) КОСТА БРАВА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, уживање на крајбрежјето во Коста Брава или предлог, поаѓање со воз и прошетка до некој од соседните градови во Коста Брава. Предлог факултативен излет во вечерните часови, целовечерна Шпанска вечер проследена со многу забава, храна, пијалоци и Фламенко шоу.

7 ДЕН. ( 22.04.2025 - ВТОРНИК ) БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од собите според хотелските правила. Слободно време до трансферот од хотел до аеродромот во Барселона. Лет од Барселона до Франкфурт со авиокомпанија Lufthansa во 16:20 часот. Лет од Франкфурт до Скопје во 20:10 часот, пристигнување во Скопје во 22:25 часот.

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 16.04.2025 – 22.04.2025
УСЛУГИ Полу Пансион (Појадок + вечера)
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 6 Ноќи / 7 Дена
Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 969 € / 60.078 мкд
EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 20.01.2025 869 € / 53.878 мкд
Доплата за еднокреветна соба 215 € / 13.330 мкд
Попуст за дете од 02-11,99 години -140 € / 8.680 мкд
Попуст за трет возрасен - 50 € / 3.100 мкд
Доплата за полн пансиони (ручек) 70 € / 4.340 мкд

Во цената е вклучено:
•Авионски превоз на релација Скопје – Франкфурт – Барселона – Франкфурт – Скопје.
•Аеродромски такси, рачен багаж 8кг.
•Сместување и 6 ноќевања на база ПОЛУ ПАНСИОН (појадок и вечера – вклучени вода / вино за вечера) во хотел со 4* . • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
•Организирани трансфери од Аеродром до хотел и обратно.
•Целодневен разглед на Барселона со локален водич.

Во цената не е вклучено:
•Патничко здравствено осигурување.
•Чекиран багаж 23 кг (информации во агенција).
•Дополнителни оброци и пијалоци.
•Туристичка такса – 9,24 eur – 573 денари по лице (се плаќа во агенција)
•Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
•Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција

Факултативни Излети:
•Целодневен излет Girona & Figueres со локален водич и превоз – 95 eur (влезница за музејот на Салвадор Дали – 25eur).
•Целодневен излет Montserrat со локален водич и превоз – 95eur (влезница за Montserrat – 20eur).
•La Masia Dinner + ФЛАМЕНКО ШОУ И ЗАБАВА со вклучен превоз 65 eur
•Целодневен излет Делата на Гауди со влезница, превоз и локален водич за PARK GUELL – 100 eur.
•Влезница за Sagrada Familia со локален водич - 35 eur | Влезница за La Pedrera Casa Mila, со локален водич – 35 eur  ПАКЕТ ЦЕНА за Делата на Гауди со влезници за Sagrada Familia & La Pedrera Casa Mila – 160 eur

Важни Забелешки:
•За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
•За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
•Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
•Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
•Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.

Прочитано 166 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top