С И Ц И Л И Ј А
ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ | 17.04 – 21.04.2025 | 4 НОЌИ
Авионска програма со лет од/до Тирана ✈
Сицилија е најголем остров во Медитеранот кој географски и припаѓа на Италија, но во однос на културата е земја сама за себе, со единствена традиција, кујна и неповторлив ритам на уживање. Сицилија – магичниот остров, чиј брег го заплискуваат водите на Јонското, Тиренското и Средоземното море, е богата со траги од древните цивилизации, остатоци од вулканските активности, разновидна природа, прекрасни плажи, насади со винови лози и сликовити гратчиња. Сицилија е медитерански свет во мало, со старогрчко, старпримско, византијско и шпанскo наследство, а, се смета за најголем музеј на отворено.
1 ДЕН (17.04.2025) СКПОЈЕ – ТИРАНА – КАТАНИЈА
Состанок на групата на Дрвдекр во 13:00 часот. Поаѓње за Тирана во 13:30 часот. Полетување од Тирана за Катанија во 23:20 и слетување во 00:55 часот во Катанија. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.
2 ДЕН (18.04.2025) КАТАНИЈА – НОТО – СИРАКУЗА
Појадок. Факултативен излет Ното и Сиракуза. Прошетка низ градот Ното, познат по најубавите згради во сицилијански барок стил кои датираат од 18 век. Секој мај овде се одржува единствениот фестивал на цвеќето – Infiorata. Уметниците користејќи разнобојни латици од специјални видови цвеќиња, прават слики налик на мозаици. Прошетка по централната улица покрај градската порта, црквата Свети Кјара и катедралата Свети Никола, палатите Дичезио и Николачи. Патувањето продолжува за Сиракуза, која била најзначаен и најубав град во покраината, која античките Грци ја нарекувале Мagna Grecia, позната уште како градот на Архимед. Разглед на центарот на градот кој се наоѓа на островот Ортиџа – остатоци од Аполоновиот храм – најстариот грчки храм на Сицилија, градското собрание, фонтаната на божицата Дијана, катедралата над некогашниот храм на Минерва…
Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН (19.04.2025) КАТАНИЈА – ЕТНА – ТАОРМИНА
Појадок. Факултативен излет до симболот на Сицилија – вулканот Етна – највисокиот активен во Европа. Патот не води низ пределите, низ кои некогаш поминувала вжештената лава. По пристигнување на највисоката дозволена висина – 1800 метри, истражување на кратерот Силвестри и околината. Враќање во Џардини Наксос. Во попладневните часови, посета на сликовитата Таормина, со јавен превоз, едно од најубавите гратчиња во Италија, изградено на брдото Monte Tauro од каде се пружа фантастичен поглед на околината и брегот. Ова место, познато уште како бисерот на Медитеранот, поради својата положба и шармот, ги привлекува туристите од целиот свет. Прошетка низ горниот дел од градот, во кој се влегува низ Porta Mesina, пешачката зона Corso Umberto, * Сместување на трето лице (дополнителен лежај – софа на отварање) само на барање, доколку има расположливи соби!плоштадот Виктор Емануел, катедралата, грчко-римскиот театар од 3 век пне. Таормина е гратче за уживање, добро капучино или аперитиво, на некоја од панорамските тераси. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
4 ДЕН (20.04.2025) ПАЛЕРМО
Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Палермо со локален водич. Разглед на градот и неговите културно историски знаменитости. Ќе можете да ја посетите Палатата на Норман, Новата Капија, катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот ”Quattro Canti”, Црквата Марторана, театрите Политеама и Масимо. Враќање во Катанија. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
5 ДЕН (21.04.2025) КАТАНИЈА – ТИРАНА – СКОПЈЕ
Појадок. Разглед на градот со неговите културно историски знаменитости по договор со локалниот водич. Овој град под Етна, после бурната историја и земјотресот, обнпвен е во 17 век во барок стил и е најголемо пристаниште и стопански центар на Сицилија. Пешачки разглед на историскиот центар. Меѓу многуте раскошни палати и цркви, се истакнува катедралата која го носи името на Света Агата – заштитничка на градот. Пршошката продолжува покрaj рибниот пазар, еден од најпознатите во цела Италија, дворецот Урсино изграден во 13 век, Универзитетот, улицата Via Crociferi… Слободно време за уживање и освежување со највкусниот сладолед и сицилијанскиот десерт – Гранита. Трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување за Тирана впо 21:20,
слетување во 22:45 часот и трансфер до Скопје.
6 ДЕН (22.04.2025) СКОПЈЕ
Пристигнување вп Скопје во раните утрински часови.
* Сместување на трето лице (дополнителен лежај – софа на отварање) само на барање, доколку има расположливи соби!
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Организиран трансфер Скопје – Тирана – Скопје
Авионски превоз на релација Тирана- Катанија – Тирана (Wizz air)
Аеродромски такси
Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см)
Сместување во хотел со 3* во Катанија на база 4 ноќевања со појадок - 4 В&В
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Катанија
Пешачки разглед на Катанија со локален водич
Пратител од Македонија за време на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Туристичка такса 496,00 денари / 8 еур (2€ по лице од ноќевање) – се плаќа во агенција.
Патничко осигурување
Останати не споменати услуги
Факултативен излет – Ното и Сиракуза (трансфер и локален водич) – 70€
Факултативен излет – Етна (до 1900м) и Таормина (трансфер и локален водич) – 80€
можност за искачување до 2920м надморска височина со доплата +95€ (жичара од 1900 – 2520 м, џип до 2920м и водич)
Факултативен излет – Палермо (трансфер и локален водич) – 75€
Влезници за културно-историски споменици:
- Археолошки локалитет Сиракуза – 35€
- Грчки театар во Таормина – 20€
Доплата за чекиран багаж (цените се променливи, информации во агенција).
- Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.)
- Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.)
- WIZZ Priority + 1 small bag
ЗАБЕЛЕШКИ:
Организатор на ова патување е партнер агенција на Сама Холидеј.
За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира/зголеми цената на истиот.
Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, во спротивно цената може да биде сопдветно корегирана.
Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред почеток на аранжманските услуги.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 40% од вкупниот износ на аранжманот и копија од пасош. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање.
Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
Организатпрот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превпозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
За оваа прпграма важат Општите Услови на Патување на агенцијата организатор.