fbpx

И С Л А Н Д
Земја на огнот и мразот!

Инспирирајте се од земјата на глечери и вулкани. Пејзажи во кои доминираат гејзери, лава и водопади. Прекрасното крајбрежје, заливите и фјордовите отвораат спектакуларни глетки што треба да ги доловите и да ги претворите во трајни спомени. Откријте го интересниот и динамичен Рејкјавик, капете се во една од стотиците бањи на отворено со геотермална топла вода. Исланд е се што можете да замислите, полн со контрасти, величенствен и романтичен!

Авион / 5 дена / 3 ноќевања

25.03 (вторник) СКОПЈЕ – РЕЈКЈАВИК

Состанок на група на аеродромот во Скопје во 04.00 часот. Полетување за Франкфурт во 05:40 и пристигнување во 08:10 часот. Полетување за Рејкјавик во 10:50 и пристигнување во 13:55 часот. Трансфер и посета на музејот Перлан (вклучена влезница), музеј со најсовремена технологија, кој ги прикажува извонредните пејзажи и природа на Исланд на достапен и привлечен начин. Неговите импресивни практични, интерактивни експонати и ревии ги објаснуваат формите на земјата, геологијата и дивиот свет: aурора во планетариумот на Перлан со 8K проекција и сараунд звук, прошетка низ вистинска ледена пештера долга 100 метри, интерактивни експонати кои покриваат теми како што се глацијацијата и океаните, извонредно шоу за вулкани... Потоа, разглед на градот Рејкјавик - најсеверната престолнина во светот, градот во кој живее повеќе од половина од населението на Исланд. Името на градот може да се преведе како „Заливот на чадот“ поради пареата која во 9 век се издигала во оваа област. Денеска во градот нема чад бидејќи куќите се загреваат од топлата вода на геотермалната област. Рејкјавик е необичен главен град, доволно мал за лесно шетање и доволно космополитски за да се чувствувате светски. Тој е град на возбудливи можности опкружен со фантастични пејзажи, шарен и жив, кој сè уште негува традиционален начин на живот и каде што нема да го чувствувате стресот на западните метрополи. Разглед на старите и новите делови на градот, пристаништето, прекрасната црква Халгрим, паркот во близина на музејот на скулптури Асмундур Свенсон и Националниот музеј... Сместување во хотел. Вечерта, организиран трансфер за “лов на аурора бореалис”. Ноќевање.

26.03 (среда) ЗЛАТЕН КРУГ - ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ

Појадок. Факултативно, на излетот Златен круг (“Golden Cirkle”), најбараниот излет на Исланд, каде ќе ги доживеете неговите најпознати знаменитости: најстариот парламент во светот во Шингвелир, геотермалните чуда на Гејзир и величествениот Водопад Гулфос - совршен вовед во уникатната историја и природна убавина на Исланд.

Вашето патување започнува во Националниот парк Тингвелир (Þingvellir), место заштитено како светско наследство на УНЕСКО, каде што во 930 година е основан парламентот на Исланд Alþingi, Овде можете да пешачите помеѓу видливите рабови на евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, што го прави Þingvellir геолошко и историско чудо. Следно, упатете се кон геотермалната област Гејзир, каде што врелите топли извори го прекриваат пејзажот. Оваа област е дом на самиот Гејзир, оригиналниот топол извор што го дал своето име за сите гејзери ширум светот и Strokur, кој еруптира на секои 5-10 минути, исфрлајќи топла вода на 25-30 метри во висина. Вашата последна станица е Gullfoss, или „Златниот водопад“, една од најомилените природни атракции на Исланд. Овој моќен водопад паѓа од 32 метри на две нивоа во карпест кањон, кој нуди неверојатен поглед од повеќе агли.

Попатна посета на пекара за ржан леб - Laugarvatn Fontana, локалците го закупуваат тестото 40см под земја и тоа се пече од природната топлина што ја создаваат вулканските топли извори на Исланд. Ова е 30-минутна демонстрација и забава, а потоа и можност да дегустирате од лебот со парче пушена пастрмка.
Враќање во хотел. Ноќевање.

27.03 (четврток) ЈУЖНА АВАНТУРА - ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ

Појадок. Факултативно, доживејте го Исланд со неговите симпатични села, вулкани, плажи со црн песок, прекрасни водопади и огромни глечери. Ова патување нуди незаборавно уживање на најпознатите знаменитости на островот.

Започнува со посета на Seljalandsfoss, еден од највисоките водопади на Исланд, кратката патека води кон задниот дел на водопадите, давајќи ви извонреден поглед на водата додека се спушта надолу. Почувствувајте ја освежувачката магла на вашето лице од оваа единствена перспектива!

Малку поисточно, ќе стигнете до Skogafoss, еден од највпечатливите водопади во земјата, а потоа, упатете се кон карпата Dyrhólaey, драматичниот карпест лак кој се протега во океанот. Од оваа гледна точка, уживајте во прекрасните погледи на Reynisfjall, впечатливи рељефи од лава кои се издигнуваат од морето, како и величествениот глечер Mýrdalsjökull што се протега низ хоризонтот. Враќање во хотел. Ноќевање.

28.03 (петок) НАБЉУДУВАЊЕ НА КИТОВИ - ПЛАВА ЛАГУНА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативно, набљудување на китови - едно од најпознатите атракции на Илсланд. трансфер до заливот Факсафлои, низ авантурата ве води капетанот на бродот кој ќе ви раскаже сè за овие неверојатни животни, а вие уживајте додека тие си играат во нивното природно живеалиште. Заливот е исто живеалиште на многу видови птици кои активно се хранат со изобилството на риби. Прекрасни пејзажи ја опкружуваат оваа област и додаваат уникатен контраст на огромниот океан, а одтука се пружаат спектакуларни глетки на хоризонтот.

Попладневна посета на Плавата Лагуна (“Blue Lagoon”) - именувана како едно од 25-те светски чуда од National Geographic во 2012 година. Со својата единствена геотермална морска вода овој познат ресурс е богат со силициум диоксид, алги и минерали - елементите кои ѝ даваат на лагуната моќ за негување на кожата.

Опуштете се во лагуната, вдишете го освежителниот океански воздух и уживајте во прекрасните глетки. Организиран трансфер до Аеродромот.

29.03 (сабота) РЕЈКЈАВИК-СКОПЈЕ

Полетување од Рејкјавик во 01:15 часот. Пристигнување во Виена во 06:15 и полетување за Скопје во 10:15. Слетување во 11:45 часот.

попуст за ранa уплатa до 22.12: 899 € / 55.740 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 969 € / 60.080 мкд

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Рејкјавик-Скопје
  • Чекиран багаж 20кг, рачен багаж 8кг
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во хотел Muli 3* во Рејкјавик на база 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Рејкјавик со локален водич
  • Посета и влезница во музејот Перлан
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

1.Пакет 3 факултативни излети 365 евра
  -ЗЛАТЕН КРУГ - ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ
  -ЈУЖНА АВАНТУРА со вклучена + посета на геотермална фурна, демонстрација и дегустација на леб испечен на природната топлина што ја создаваат вулкански топли извори и парче пушена пастрмка) - ЦЕЛОДНЕВЕН ИЗЛЕТ
  -ПЛАВА ЛАГУНА - 4 часа. Комфор пакет: влезница, маска од силицијумска кал, користење на пешкир, 1 пијалок, козметика...
2.НАБЉУДУВАЊЕ НА КИТОВИ 135 евра
Туристичка такса 870 мкд (се плаќа во агенција)
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 13.000 мкд

Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување

 

Прочитано 764 пати
Тагови:

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top