fbpx

Валенсија, третиот по големина град во Шпанија, е совршен спој на историја, култура и модерни атракции. Познат по своите златни плажи, вкусната паеља и футуристичкиот комплекс „Град на науките и уметностите“. Прошетајте низ историското старо градско јадро, истражете го Туриа Парк, некогашна река претворена во зелена оаза, и уживајте во уникатната атмосфера на локалните пазари и фестивали. Валенсија е дестинација која плени со својата енергија, шарм и бескрајно сонце!

Термин: 06.03.2025 - 09.03.2025

Цена:
Early bird цена по лице 695 еур
Политика за деца: 10 % попуст на Early Bird Price

1.ден (06.03.2025) СКОПЈЕ– ВАЛЕНСИЈА
Полетување на аеродромот во Скопје во 04:00 ч. Пристигнување (05:10 ч), полетување од Белград за Валенсија во 06:15 ч. (Air Serbia) Слетување во Валенсија во 09:05 ч.
По пристигнувањето, панорамско разгледување на градот:
Град на уметноста и науката (Ciudad de las Artes y las Ciencias)– комплекс на модерна архитектура, проектиран од Сантијаго Калатрава.
Парк во напуштеното корито на реката Турија – 9 км долг парк за прошетка. Панорамска обиколка на 15 мостови, Парк Гуливер, Палау де ла Музика и Пуенте де лас Флорес (најубавиот мост во Валенсија). Обиколка на Торес де Серрано и Торес де Кварт (врати на градот). Посета на стадионот Местала и други значајни градски локации како Рузафе и Банко де Еспања. Трансфер до хотелот и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2. ден ( 07.03.2025) ВАЛЕНСИЈА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет „Валенсија низ историјата“ ( пешачка тура по цена на излетот од 30 еур ). Обиколка на историските локалитети: Плаза де ла Вирген, Катедралата на Валенсија, Свети Грал и Судот на водите (пишен суд заштитен од UNESCO). Посета на Базиликата де десперадос, Микалет тврдина, римски ископини и пазарот. Пауза за дегустација на шпански јадења и пијалоци во барови во барокен стил. По обиколката, трансфер назад до хотелот. Ноќевање.

3. ден ( 08.03.2025) ВАЛЕНСИЈА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет во Бенидорм и Аликанте. Бенидорм – познато летувалиште, шетање по стариот град. Патување до Аликанте, посета на тврдината Санта Барбара и шетање по старите улички. Разгледување на шеталиштето Еспланада де Еспања и познатата Плаја дел Постигет. Уживање во локални ресторани и тапас барови.
Враќање во Валенсија во попладневните часови. Ноќевање. (Цена на излетот: од 80 €).

4. ден ( 09.03.2025) ВАЛЕНСИЈА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите и слободно време до трансферот за аеродром.
Препорака: посета на една од валенсијските плажи (Малвароса, Кабанјал, Патакона и други) или шетање по луксузната променада.
Трансфер до аеродромот. Полетување за Белград во 20:35 , слетување во Белград во 23:15 ч. Полетување од Белград во 00:30 ч и пристигнување во Скопје во 01:40 ч По пристигнувањето, крај на програмата.

Забелешка: За сите факултативни излети важат дополнителни такси. *Туристичката агенција го задржува правото на можни измени во програмата


Цената вклучува:
  *3 ноќи со појадок во ЕuroStars Gran Valencia 4*
  *23kg багаж
  *Повратен авионски лет
  *Аеродромска такса
  *Трансфер од аеродром - хотел - аеродром

Цената не вклучува:
   *Туристичка такса
   *Факултативни излети
   *Патничко осигурување
   *Локален транспорт: метро или автобуски билети

ЕuroStars Gran Valencia 4*
Eurostars Gran Valencia 4* je луксузен хотел кој се наоѓа во срцето на Валенсија, идеално сместен за оние кои сакаат да ја истражуваат оваа динамична метропола. Хотелот нуди современи и елегантни соби, опремени со нанови технологии и удобности, кои гарантираат приатен и опуштен престо.
Со својата импресивна архитектура и погледи на градот, Eurostars Gran Valencia располага со сите неопходни услуги за деловни и туристички гости, вклучуваќи бесплатен Wi-Fi, фитнес центар, ресторани и сала за состаноци. Доколку сакате да уживате во најдоброто од Валенсиа, Eurostars Gran Valencia 4* е одличен избор за незаборавен престој.

Прочитано 4007 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top