fbpx

17.10.2025 – 20.10.2025
4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

Малта е мала, густо населена островска земја во Средоземното Море. Архипелагот го сочинуваат трите острови - Малта, Гозо и Комино - кои заедно зафаќаат површина од околу 316 квадратни километри. Географски припаѓа на Африка, но политички е дел од Европа. Главен град е Валета. Малтешките острови се музеј на отворено, со 7000 години историја во која траги оставиле Феникијците, Римјаните, Арапите, Малтешките витези и Британците, чии обележја можат да се видат и денес. За љубителите на уметноста, Малта нуди бројни музеи и галерии, а за спортистите – многубројни спортови на вода. Покрај тоа, на овој медитерански остров се ужива и во гастрономијата, природните убавини, шопингот, плажите и вечерните прошетки по градските променади.

1 ден – 17.10.2025 (Петок)
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 18.50 ч. Полетување за Малта во 20.50 ч .слетување во 22.35 ч. Организиран трансфер со автобус. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден – 18.10.2025 (Сабота)
Појадок. Организиран панорамски разглед на Валета со автобус.
Разгледот вклучува: Barrakka Gardens, Republic Square, Fort San Elmo и St. John's Cathedral. Факултативно влез во Fort San Elmo и St.John’s Cathedral Co. Разгледот продолжува со поаѓање кон Биргу - Виториоза, каде што ќе има кратка пауза за посета на: Angelo Castle, Palazzo Inquisitor, St. Lawrence Church, Maritim Museum, средновековните улици и пристаништето на Биргу. Потоа, следи посета на: Senglea, Gardiola Gardens, Victories Church и Cospicua. Факултативно се доплаќаат влезниците, за оние кои сакаат да влезат во објектите. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање .

3 ден – 19.10.2025 (Недела)
Појадок. Поаѓање за Рабат и Мдина. Посета на следните знаменитости: Mdina gate, средновековните улици, St. Paul’s Cathedral, Bastions и Palazzo Falson. Доплатата за влезници за објектите е по желба на посетителите. Може да се посети Catacombs of St Paul во Рабат, St. Paul's Cathedral and Museum во Мдина, Palazzo Falson во Мдина. Попладнето, посета на Моста, вклучувајќи ја и црквата Mosta Dome Church. Разгледот продолжува со посета на Blue Grotto. По желба и ако има доволно време, може да се посети пештерата со брод. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден –20.10.2025 (Понеделник)
Појадок. Поаѓање за Слиема и прошетка по шеталиштето. Разгледот продолжува со посета на St.Julian’s. Посета на : Paceville, Spinola Bay, Portomasa Marina, Spinola Palace, Balluta Bay и Balluta Church.
Попладнето слободно време за шопинг. Организиран превоз до аеродромот, полетување од Малта во 23.15 ч, слетување во Скопје во 00.55 ч.

Цена на аранжманот 369€ (22,880 мкд)

Во цената се вклучени следниве услуги:
•Авио билет на релација Скопје-Малта-Скопје со Wizzair
•Аеродромски такси
•Бесплатен багаж 10 кг
•3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
•Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
•Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
•Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
•Туристичка такса

Напомена:
•Ова е economy патување, хотелот можеби нема да биде во центарот на градот
•Поради гужвите во сообраќајот можно е автобусот да не се застане на местата каде што е предвиден стоп, поради рестриктивната часовна дозвола на возачите од автобусите

Во цената не се вклучени следниве услуги:
•Се што не е наведено во програмата
•Влезниците за во објектите
•Препорачуваме да се обезбеди по 1 еур од секој возрасен на ден за водичот како бакшиш

Општи услови:
•Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден) ;
•За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
•Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
•За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
•За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
•Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани .Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови , гужва во сообраќајот или договор со патниците.

 

Прочитано 2591 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top