fbpx

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Лековитата термо – минерална вода и модерните погодности во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

Програма на патување:

1.Ден 07.12.2024 (сабота) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 08.12.2024 (недела) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на Здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река... Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 09.12.2024 (понеделник) ЛУКОВСКА БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО цена за комплетна уплата при резервација 139€/8.618ден
ПРОМО цена за пријави до 15.11.2024 - 149€/9.238ден
Редовна цена на аранжманот 155€/9.610ден

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во 1/2 соби во Хотел Јелак 3*на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)
- Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база сервирање сет мени)
- Користење на отворени и затворени базени со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C
- Користење на Велнес Центар (сауни, парна бања, солена соба, топли клупи - тепидариум)
- Користење на сала за забава и рекреација
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување;
- Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги)

Попусти и опционални доплати:
- Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
- Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 70€/ 4.340ден (на барање)
- Трет возрасен во соба плаќа полна сума на аранжманот (на барање)
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.170ден
- Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.

Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Сама Холидеј

Прочитано 2124 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top