Програма на патување:
Прв ден 07.12.2024 (сабота) СКОПЈЕ - ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина... По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
Втор ден 08.12.2024 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
09.12.2024 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Во договорено време со водичот на групата заминување кон Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена за пријави до 15.11.2024 - 149€ / 9.238ден
Редовна цена на аранжманот - 169€/10.478ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби
- Исхрана на база 2 ноќевања со поjaдок (опционална доплата за вечера 15€ по лице од ноќ)
- Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
- Секојдневно користење на Велнес и Спа центар на хотелот
- Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко и здравствено осигурвање
- Доплата за туристичка такса 5€ по лице за 2 ноќевања (доплата во агенција)
- Факултативна посета на манастирот Жица 15€ (доплата на лице место)
- Доплата за еднокреветна соба 25€/1.550ден на цената на аранжманот
Попусти и опционални доплати:
- Намалување за сопствен превоз -10€/620мкд по патник
- Дете до 6,99год во придружба со 2 возрасни бесплатно во хотел (без сопствено легло) доплаќа само за превоз 35€/2.170ден
Напомени:
- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Сама Холидеј