Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плаѓата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 студија и 1/3+1 студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.Наспроти вилата има продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.
Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека спaлното легло е со помали мерки. Студијата располагаат со едноспално легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.
Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во мерки од стандардно 90см легло, и две стандардни легла. Капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното спие со родител на поголемото легло.Сите студија имаат балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.
На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2024
-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2024
- Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
•Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
•Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
•Велес (БП Макпетрол-кружен тек) - 45еур по лице
•Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45еур по лице
•Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
•Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 40еур по лице
•Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
•Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –50еур по лице
•Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 50еур по лице
•Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 50еур по лице
•Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
•Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или промена на цената на горивата.