Вилата се наоѓа на околу 300 метри од центалниот дел на градот и околу 350 метри до градската плажа во Нидри. Поседува двокреветни и трокреветни студија. Студијата се опремени со два или три кревети (брачен кревет или два одвоени и еден единечен кревет), кујнски дел, купатило ТВ, тераса или балкон и клима која се доплаќа. Постелнината се менува на 5 дена. Гостите сами ја одржуваат хигиената.
Климата се доплаќа на ден по студио / апартман
ТУРИСТИЧКА ТАКСА
Од 01.01.2018 година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување.
НАПОМЕНА за ЛЕФКАДА лето 2024
- Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
- Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
ПЛАЌАЊЕ И УСЛОВИ
Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.