ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови, игралишта, забавни паркови, таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос. Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл, парфимерии и автентични грчки музеи.
Вила ЈОТИС е убава, стандардно опремена вила и се наоѓа на 20 метри од плажа. Секој апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар,респиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна, купатило и вц, спална соба, тераса, тв, клима уред и ви-фи конекција.
Цените за термините (17.05; 24.05; 31.05; 06.09; 13.09 и 20.09.2024) означени со ѕвездичка * во табелата се пакет аранжмани и се дадени по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз
- За пакет аранжманот во апартман потребни се минимум 2 лица;
- трето,четврто,петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 45€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
- дете до 02 години не плаќа(бесплатно);
- за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
Користењето на паркинг, клима уред и wi-fi е бесплатно
Вилата има паркинг и гостите го користат на принцип прво слободно место
НАПОМЕНИ:
За рана резервација се уплаќа аванс од 50% веднаш, остатокот 21 ден пред поаѓање.
Попустите за рана резервација не важат за пакет аранжманите (термините означени со ѕвездичка)
Превозот ги остава патниците до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде е возможно да застане.
Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денари (1€=62ден).
За уплата за два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена.
На акциски попуст или на смена со ѕвездичка на втората смена не се одобрува попуст за два последователни термини.
Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник не се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови на патување.
За валидна резервација се смета само резервација со уплата на 30% од вкупната вредност на аранжманот.
Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна 21 ден пред поаѓање.
Во случај на веќе уплатен аранжман со попуст или рана резервација, средствата не се враќаат доколку патникот се откаже од патувањето.
Во случај на направена штета во студијата, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за истата.
Агенциајата не е одговорна за квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
Доплата за туристичка такса 1,5 eвро се врши во агенција.
Апартманите и студијата немаат крпи за лице и тело, имаат тоалетна хартија.
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
45 € за возрасни – повратна карта;
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
30 € за возрасни или деца – карта во еден правец
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
I кат
АПАРТМАН БР.1 (1/2+1/2) - 4 лица
Апартманот располага со кујна, една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици. Во кујната има два поединечни кревети, тв,клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, аспиратор, голем фрижидер, ел.шпорет со рерна. Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни. Од спалната и од кујната се излегува на тераса со маса и столици. Во ходникот има плакар за алишта. Апартманот е опремен на сите прозори со комарници.
АПАРТМАН БР.2 (1/2+1/2) - 4 лица
Апартманот располага со кујна, една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици со страничен поглед на море. Во кујната има два поединечни кревети, тв, клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, аспиратор, голем фрижидер, ел.шпорет со рерна. Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни. Од кујната се излегува на тераса со маса и столици со страничен поглед на море. Во ходникот има плакар за алишта. Апартманот е опремен на сите прозори со комарници
II кат
ДУПЛЕКС –МЕЗОНЕТА БР.4 (1/2+1/3) - 5 лица
Дуплексот се наоѓа на втори кат и е составен од две спални соби + кујна + купатило со вц + тераса. Во првата спална соба има еден дупол кревет, плакар за алишта и излегува на тераса. Втората спална соба е со внатрешни скали и има еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта, тв, клима. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, ел.шпорет со рерна, аспиратор. Во кујната има ТВ, клима уред и голема маса. Има стандардно купатило со WC. Дуплекс Мезонета е опремен на сите прозори со комарници.