Куќа „Саризас“ е лоцирана на 80 метри од прекрасната песочна плажа, во најубавиот дел на Сивири, или 1 минута од шеталиштето. Опкружена е со дрвја и со зеленило, има сопствен паркинг. Располага со четирикреветни и петкреветни апартмани, квалитетно опремени во традиоционален грчки стил, и големи тераси со поглед кон море, сите опремени со ТВ, интернет и клима (вклучени во цената), тоалет, комплетно опремена кујна. Во собите нема пешкири.
Ценовник наем 7 ноќевања
Напомени и услови:
Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3, 4, 5 или 6 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 3,100 денари (50 евра)
За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.