fbpx

Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг. На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на островот Тасос. Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето. Изобилува со борова шума и мирис на медовина, природни сенки и планински возвишенија. Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден бич. Во должина од 3км.се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа, означени со плаво знаменце за чистота и квалитет. Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај, плажата асоцира на злато.

Вила “НАМА“ лоцирана во Скала Потамиа на оддалеченост околу 50тина метри од плажата Голден бич. Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот. На само неколку метри од вилата има супермаркети, ресторани, таверни.

Термин 31.05 7.06 14.06 21.06 28.06 5.07 12.07 19.07 26.07 2.08 9.08 16.08 23.08 30.08 6.09 13.09 20.09
НОЌЕВАЊА 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
АПАРТМАН
1/2+1/2
Апп.бр.1,2,3
219 259 289 339 429 469 499 559 579 579 569 559 499 379 289 259 219

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
Користење на клима уред (3€ од ден), WI-FI бесплатно

Напомени:
- Патниците треба минимум 48ч пред патувањето да се информираат за време и место на поаѓање;
- Превозот ги остава патниците до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде е возможно да застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска провиввредност (1€=62 ден.);
- За уплата на два последователни аранжмана (7+7 ноќевања) одобруваме 10% попуст на втората смена;
- Кај акциските попусти не следува попуст за втора смена;
- За важечка резервација се смета само резервација со уплата на 30% од вкупната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата се врши 21 ден ппред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани резервации, уплатените средства не се враќаат;
- Доколку патникот се откаже од патувањето, исклучот се прави (поврат на средства) само доколку патникот сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се смени цената на веќе договорените услуги;
- во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови за патување;
- Во цлучај на направена поголема штета во студијата, сопственикот на вилата може да наплати на лице место за направената штета;
- Агенцијата нема одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во агенција 1,5еур од ноќ од соба.

Апартманите имаат крпи за лице, тоалетна хартија и сапун
Апартманите се чистат два пати за време на престојот од 7 дена

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ НА РЕЛАЦИЈА:
60 € за возрасни – повратна карта
45 € за деца до 12 години – повратна карта;
45 € за возрасни или деца – карта во еден правец
*Поаѓање од Штип пред Нова пошта во 02:00 часот;
*Поаѓање од Скопје на паркингот спортска сала Борис Трајковски во 02:00 часот

ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА :
20€ за возрасни – повратна карта;
15 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта


Опис на апартманите во Вила „НАМА“

АПАРТМАН БР.1 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории.Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи.Од спалната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило Апартманот располага со стандардно купатило и WC.

АПАРТМАН БР.2 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред.Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи.Од спалната се излегува на тераса со поглед во двор полн со зеленили. Апартманот располага со стандардно купатило и WC.

АПАРТМАН БР.3 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред.Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи. Апартманот располага со стандардно купатило и WC.

 

  • Локација:
Прочитано 5100 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top