Хотел Маринер 4* е место кое нуди модерни, климатизирани соби со приватни балкони. Сместен во Лорет де Мар, хотелот е на само 50 метри од плажата и располага со свој сопствен отворен приватен базен.
Собите кои нудат пријатна и топла атмосфера се декоративно уредени и имаат сатетелитски приклучок и можност за гледање на некоја од вашите омилени Тв серии. Балконите нудат поглед кон мореето. Секоја од бањите се опремени со крпи за редовно користење и менување на истите и фен. WiFi услугата е достапна но, со одредена доплата за истата.
Ресторанот Маринер е ресторан со богат избор на шведска маса со голем број на континентална и интернационална храна. Навечер има музика во живо, а еднаш неделно имаат и тематска вечер со регионална храна и музика. Центарот на Лорет де Мар е на помалку од 5 минути пешачење од хотелот.
ПОЛУПАНСИОН + АВИОНСКИ БИЛЕТ + ТРАНСФЕР
Ценовник со попуст за рана резервација
ПОЛУПАНСИОН + АВИОНСКИ БИЛЕТ + ТРАНСФЕР
Редовни цени
Во цената е вклучено:
7 / 10 / 11 ноќевања со услуга на база полупансион HB
Аеродромски такси
Повратен авионски билет со вклучен багаж 20 кг
Повратен трансфер од аеродром хотел аеродром
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса 2 евра по лице од ден
Патничко осигурување
Забелешки:
Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната
Задолжително е секој патник да има валидно патничко осигурување
За резервацијата потребна е уплата аванс 30% од вкупниот износ на аранжманот
Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД
Факултативи:
1. Барселона Панорамика
Целодневен разглед на Барселона и посета на споменикот Коломбо, ридот Монтјуик – панорамски поглед, Олимписки стадион, Магични Фонтани, Плоштад Еспања, Гран Виа, Пасео де Грација, Каса Батло – Гауди, Каса Педрера – Гауди, Саграда Фамилија – Гауди и слободно времена Плоштад Каталуња.
Времетраење: 4 часа
2. Аквариум Барселона
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Времетраење: 1,5 часа
3. Камп Ноу
Камп Ноу е најголемиот стадион во Европа и неговите димензиите се импресивни. Овде можете да го видите зад сцената еден од најпознатите клубови во светот. Како изгледа во прес-кабина или во кабината на екипажот? Какво е чувството кога играч оди низ тунелот кон тревата?
Уникатен поглед зад сцената на ФК Барселона
Кабина за гости, области за печат, тунел за играчи, капела, тревник и трибина
Музејот ја раскажува возбудливата приказна за ФК Барселона
Времетраење: 1,5 часа
4. Музеј Дали + Георна
Откријте го музејот Салвадор Дали во Фигерес и магичниот средновековен град Жирона, двете од најпознатите атракции во северна Каталонија.
Музеј на Дали – е музеј на уметникот Салвадор Дали во неговиот роден град Фигереш, во Каталонија, Шпанија. Срцето на музејот е градскиот театар што Дали го знаел како дете. Музејот ја прикажува единствената најголема и најразновидна колекција на дела на Салвадор Дали.
Херона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.
Времетраење: 7 часа
5. Монсерат
Место каде што се спојуваат духовноста, природата и историјата. Планината и бенедиктинскиот манастир Монсерат, основан во 11 век, се наоѓаат во природен парк на 60 километри западно од Барселона.
Добро е познато како место на Бенедиктинската опатија, Санта Марија де Монсерат, која е домаќин на светилиштето Богородица од Монсерат. Планината е составена од впечатливо розев конгломерат, форма на седиментна карпа. Монсерат е првиот национален парк во Шпанија.
6. Порт Авентура
Истражете цел свет на забава, најдобра забава, релаксација, кујна и шопинг што можете да ги замислите. Посетете ги различните тематски области на паркот Порт Авентура и бидете воодушевени од неговите атракции и претстави.
Времетраење: 8 часа
Информации и резервација 078 730 777 e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.