fbpx

Хотел Nou Baleares 4* - Палма де Мајорка

  • Понудата е објавена на 07/02/2026

Добредојдовте во Палма де Мајорка – град кој совршено ги спојува прекрасните плажи, богатата историја и медитеранскиот шарм, срцето на Балеарските Острови.

Хотел Nou Baleares се наоѓа во централниот дел на Палма де Мајорка, во близина на главните туристички улици, кафулиња и историски локалитети, на околу 9 км од аеродромот и 3,2 км од Palma Yacht Club. Хотелот нуди модерен и пријатен ентериер со интимна атмосфера, надворешен базен, фитнес центар, тераса за сончање и бар, како и 24-часовна рецепција.

Сите соби се климатизирани и располагаат со телевизор со рамни екран и сателитски канали, сопствена бања со туш, работна маса и балкон или тераса, дел од кои нудат поглед кон градот. Хотелот нуди континентален појадок, бесплатен WiFi во целиот објект и услуги како чување багаж, помош со билети и екскурзии.

Локацијата е идеална за прошетки, шопинг и истражување на историските и културните знаменитости на Палма, додека близината на плажите и пристаништето овозможува активен одмор со морски спортови и ресторански доживувања. Хотелот е погоден за семејства, парови и индивидуални туристи, а гостите истакнуваат чисти и удобно уредени соби, пријателски персонал и одлична позиција за истражување на градот. Ве молиме имајте предвид дека за резервации на повеќе од пет соби, потребно е претходно да се контактира хотелот за проверка на расположливоста.

Ден 1 – Скопје → Барселона
Поаѓање од Скопје кон Барселона. Пристигнување и пречек на групата од страна на локален претставник. - Сместување во хотел во Барселона и слободно време за индивидуални активности и одмор.
- Ноќевање.

Ден 2 до 10 – Барселона → Палма де Мајорка
Појадок во хотел. Трансфер до аеродром и лет за Палма де Мајорка. Пристигнување и сместување во хотел.
Период од ден 2 до ден 10:
– Појадок во хотел
– Индивидуални активности / факултативни излети / слободно време
– Вечера во хотел
– Ноќевање

Ден 11 – Палма де Мајорка → Барселона → Скопје
- Појадок во хотел. Одјавување од хотелот и трансфер до аеродром. Лет кон Барселона, по што следи трансфер до аеродром и поаѓање кон Скопје.

Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба, при што истата вклучува: Ноќевање со појадок или полу пансион + Трансфери аеродром-хотел-аеродром + Авио Билет

Дата Број на ноќевања Возрасно лице во
двокреветна соба
Трето возрасно лице или дете Еднокреветна соба
20.06 – 30.06.2026 10 Од 1490 Евра На барање На барање
01.08 – 11.08.2026 10 Од 1675 Евра На барање На барање
08.08 – 18.08.2026 10 Од 1645 Евра На барање На барање


Во цената е вклучено:
Лет Скопје – Барселона – Скопје
Трансфери во Барселона и Палма де Мајорка (аеродром-хотел-аеродром)
1 ноќевање во Барселона на база ноќевање со појадок
Лет Барселона-Палма де Мајорка
9 ноќевања во Палма де Мајорка на база ноќевање со појадок или вечера според избраниот хотел/услуга

Во цената не е вклучено:
Туристичка такса ( од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
Факултативни излети
Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата

Во хотелот има на располагање дво и трокреветни соби.
Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
Сите останати услови на патување важат според правилата на ТА
Износот на аранжманот варира во зависност од цената на авионските билети и расположливоста на сместувањето во избраните хотели.

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top