fbpx

Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.

Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.

Хотелот се наоѓа на само 100 метри од плажата Platja de l’Astillero и 2 километри од центарот на Малграт де Мар. Гостите можат да уживаат во отворен базен, детски базен, ресторан со шведска маса, бар, кафе-бар и ТВ сала. Сите соби се климатизирани и опремени со балкон, сателитска ТВ, телефон, сеф (дополнително наплаќање), работна маса и сопствена бања со туш или када, фен и бесплатни тоалетни потреби. Бесплатен Wi-Fi е достапен во сите јавни простори и во собите (со надоместок). Хотелот нуди и услуги како изнајмување на велосипеди, 24-часовна рецепција, менување на валута, туристички информации и аеродромски трансфери (дополнително наплаќање).

Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува.

Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!

Датум:
11.07 – 22.07.2025

ПРОГРАМА

11.07.2025

Поаѓање од Скопје во 14.00 ч. Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.

12.07.2025

Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција. Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*) Ноќевање

13.07.2025

Појадок и поаѓање кон Верона. Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери. Поаѓање кон Шпанија - Ноќно возење

14.07.2025

Пристигнување во Малграт де Мар и сместување во хотел со 3* Мирен град, со многу локални продавници за сувенири, шопинг, ресторани и преубави големи песочни плажи. Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) - Шведска маса.

14.07.2025 - 20.07.2025

Престој во Малграт де Мар - Hotel Cartago Nova 3*.

20.07.2025

 После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3*Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили. Ноќевање

21.07.2025

Појадок и одјавување од хотел. Поаѓање кон Скопје.

22.07.2025

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови

Цени: 649€ по лице

Во цената е вклучено:
Организација на патувањето и водич
Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
6 полу пансион (појадок и вечера – шведска маса) во “Hotel Cartago Nova 3* ” во дво и трокреветни соби
1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница во хотел со 2/3*)
Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло

Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување
Доплата за еднокреветна соба = 400 еур по лице / за 8 ноќевања во хотел според програмата
Задолжителна туристичка такса во хотел во Италија и Шпанија = 2 еур по лице / ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување

Резервација на место за аранжман се прави со задолжителна уплата од 6000 ден.
Остатокот од цената на аранжманот се плаќа 15 дена пред поаѓање.
Плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари.
Попуст за дете од 2 до 12 год – 40 еур
Резервација на посакувано место во автобус – 1000 ден од седиште по лице
Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
Патниците мора да поседуваат валиден пасош со рок на траење од мин. 90 дена од влез во Европска Унија
Распоредот на факултативите може да претрпи одредени измени.
Магичните фонтани од Ковид периодот не работат поради рестрикција со вода, пред тргнување патниците ќе бидат известени дали истите ќе работат
Задолжително 48 часа пред тргнување патниците ќе бидат известени за локацијата на тргнување.

Прочитано 177 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top