fbpx

Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.
Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.
Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува.
Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!Хотел е на 5 минути пешачење од плажата Калела и 10 минути пешачење од центарот на градот. Бесплатен Wi-Fi во заеднички простор и отворен базен.

Термин Локација Хотел Рана уплата Регулар цена
25.06 - 06.07.2024 Calella Summer Hotel – Calella 649 eur 699 eur

Сите соби се климатизирани и имаат тераса, сателитска и ТВ со рамен екран,тоалетот е опремен со фен и крпи.
Ресторанот на хотелот е со шведска маса и служи шпанска и интернационална храна, има и модерен бар и ТВ салон.
Можете да изнајмите автомобил или велосипед и има лесен пристап до автопатот Марезме. Хотелот е на околу 45 минути возење од центарот на Барселона.

Програма на патувањето:

25.06.2025
Поаѓање од Скопје во 14.00 ч.
Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.

26.06.2025 - Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање

27.06.2025 - Појадок и поаѓање кон Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Поаѓање кон Шпанија - Ноќно возење

28.06.2025 - Пристигнување во Калела и сместување во хотел со 4*
Калела е едно од најубавите места на Коста Брава на само 40 км од Барселона. Мирен град, со многу локални продавници за сувенири, шопинг, ресторани и преубави големи песочни плажи.
Во хотелот имаме 3 оброци (појадок, ручек и вечера) - Шведкса маса.

28.06.2025 - 04.07.2025 - Престој во Калела- Summer Hotel.

04.07.2025 - После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3*
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.
Ноќевање

05.07.2025 - Појадок и одјавување од хотел
Поаѓање кон Скопје.

06.07.2025 - Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

ЦЕНА: 649 ЕУР - РАНА УПЛАТА (До 15.04.2025)
Редовна цена - 699 еур

Цената вклучува:
- Организација на патувањето и водич
- Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
- 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
- 6 полни пансиони (појадок, ручек и вечера - шведска маса) во Калела во дво и трокреветни соби
- 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција - Кан / Ница во хотел со 2/3*)
- Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло

Цената не вклучува:
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба = 50 еур по лице од ноќевање / за сите ноќевања во хотел според програмата
- Задолжителна туристичка такса во хотел во Италија и Шпанија = 2 еур по лице / ден.

Дополнителни информации:
- Резервација на место се прави со задолжителна уплата од 6000 ден.
- Попуст за дете од 2 до 12 год - 40 еур
- Резервација на посакувано место во автобус - 1000 ден од седиште по лице
- Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
- Пасошот мора да биде валиден 90 дена од влез во Европска Унија

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:
1. Посета на Венеција со Брод. - 30 ЕУР
- Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови (околу 10.00)
Почеток на турата со посета на: Мостот на воздишките, плоштадот Св.Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, прекрасните мали канали како и големиот канал кој ја дели Венеција на 2 делови. Можност за индивидуално слободно време за прошетки, возење со гондола, посета на продавници и сл.

2. Посета на Верона - Бесплатно
- Пристигнување во Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери

3. Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло - Бесплатно
- Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.

4. Барселона Панорамика 1 - 65 еур
- Поаѓање после појадок од пред хотел со Автобус.
Пристигнување во Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот - Шпанско Село. Слободно време за шопинг и индивидуални активности во центарот на градот (Estacio de Franca)

Можност за дополнителан факултатива:
Аквариум Барселона - влезница 35 еур
Враќање во хотел во вечерните часови. Пристигнување за вечера.

5. Фламенго Вечер - 35 еур
- Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)

* Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата
* За секоја факултатива потребно е минимум 25 патници

 

Прочитано 564 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top