fbpx

Хотел Силекс се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4км од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид – Св.Наум и 10км од аеродромот Св.Апостол Павле. Хотел Силекс се простира на самиот брег на Охридското Езеро и се наоѓа помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до манастирот Св.Стефан на надморска висина од 720 м. Ваквата локација е одлична можност за соединување на планинскиот и езерскиот туризам. Хотелот располага со двокреветни соби, апартмани и претседателски апартман и истиот располага со базен, сауна, фитнес сала и спа услуги..

ТИП НА УСЛУГА ДВОКРЕВЕТНА СОБА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА
ПОЈАДОК 37€ 52€
ПОЛУПАНСИОН 49€ 68€

 

Услови:
- Цените се дадени по лице според дадената услуга.
- Деца до 05,99г. престојуваат бесплатно.
- Деца од 06-11,99г. плаќаат 50% од сумата.
- Туристичката такса е вклучена во цените.

Прочитано 8964 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2026

Понеделник 10.00-18.00

Вторник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.00

Top