fbpx

ДоломитСКИ Ретрит – Италија

Лоцирани на сончевата страна на Алпите, Доломитите се дестинација за одмор која заслужено се смета за една од најдобрите скијачки региони во светот – идеална за оние што бараат разновидност и врвно ски-искуство.

Од почетници кои сакаат безгрижно да ги направат своите први чекори на снег, до семејства со деца кои бараат безбедна и пријатна средина, па сè до искусни скијачи и ѕвезди на Светскиот куп кои бараат динамични падини и вистински спортски предизвик – Доломитите нудат нешто за секого.

Скијањето овде значи уживање на легендарните патеки на Мармолада, како и на бројните поврзани скијачки центри, со вкупно над 1.200 км патеки и 30 снежни паркови. Сето тоа поддржано од модерни жичари, совршено уредени терени и беспрекорна инфраструктура.

Сместувањето е организирано во Hotel Orsa Maggiore 3* – хотел со одлична локација, веднаш до прекрасните скијачки стази на Доломитите, кој нуди удобност, топлина и сè што ви е потребно за вистински зимски одмор.

13.01.2026
Собир на група и тргнување од Скопје во 17.00 часот со автобуски превоз
Ноќно возење

14.01.2026
Пристигнување во Фалкаде
Сместување во хотел (после 15.00 часот)
Помош при купување ски карти и ски рент
Вечера во хотел и ноќевање

15.01 - 18.01.2026
Појадок во хотел
Индивидуални активности/Ски активности
Вечера
Слободни активности
Вечера во хотел и ноќевање

19.01.2026
Појадок во хотел
Тргнување кон Скопје

20.01.2026
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови

Black Friday:
439€ за возрасно лице со организиран превоз
335€ за возрасно лице со сопствен превоз
399€ за дете од 03 – 12.99 години со организиран превоз
295€ за дете од 03- 12.99 години со сопствен превоз

Редовна цена:
499€ за возрасно лице со организиран превоз
395€ за возрасно лице со сопствен превоз
419€ за дете од 03 – 12.99 години со организиран превоз
315€ за дете од 03- 12.99 години со сопствен превоз

Во цената е вклучено:
Автобуски превоз на релација Скопје – Доломити – Скопје
5 ноќевања со појадок и вечера во хотел Орса Магиоре 3*
Превоз до ски стазите и назад (освен за патниците кои што патуваат со сопствен превоз)
Претставник од агенцијата со цел објаснување и водење за целиот ски центар на Доломити
Доктор за прва помош за време на целата тура

Во цената не е вклучено:
Ски опрема
Ски карта
Туристичка такса по лице на ден (плаќање во хотел)
Патничко осигурување

Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната
Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување
При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот
Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД

Прочитано 73 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top