Малага претставува еден од најстарите градови во Европа, лоциран на прекрасното Коста дел Сол, каде што морето, културата и гастрономијата се спојуваат во совршена хармонија. Овој жив град нуди уникатна комбинација на традиција и современ дух, со богато културно наследство и пријателска атмосфера што веднаш освојува.
Родниот град на Пабло Пикасо е дом на бројни музеи, уметнички галерии и историски споменици – од импресивната тврдина Алказаба и римскиот театар, до величествениот катедрален храм и модерниот Музеј на Пикасо. Прошетките низ старото градско јадро, полни со тесни улици, локални барови и шармантни плоштади, нудат вистинско уживање за сите сетила.
Малага е град на сонцето – со повеќе од 300 сончеви денови годишно и прекрасни плажи кои се протегаат по должината на брегот. Плажите Ла Малaгета и Педрегалехо се совршени за одмор и релаксација, а вечерите се исполнети со живот, музика и вкусна андалузиска храна.
Гастрономијата е вистинско доживување – од свежа морска храна и традиционални тапаси, до локално вино и ароматични јадења што ја одразуваат душата на Андалузија.
Со својата уметност, историја и морски дух, Малага е вистинска дестинација за оние кои сакаат да откријат повеќе од класичен одмор – град кој секогаш нуди нови причини да му се вратите повторно.
08.04.2026
- Собир со групата во Скопје и тргнување кон Тирана
- Пристигнување на патниците на аеродромот во Тирана два часа пред летот.
- Полетување за Малага во 18:10 часот . Слетување во Малага во 21:35 часот.
- Ноќевање
09.04.2026
- Појадок
- Следува панорамско разгледување на градот со автобус и водич на српски јазик: пристаништето и плажата Малагета, арената за корида, катедралата, замокот Гибралфаро кој потекнува од 10 век и се наоѓа на рид над градот, Алказаба – маварска палата, римски театар, центарот на градот – улицата Маркес де Лариос, музејот на Пикасо...
По разгледот, слободно време и поаѓање кон Торемолинос.
- Ноќевање.
10.04.2026
- Појадок.
- Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативен излет до Марбеља и Ронда.
- Марбеља е едно од најпознатите летувалишта на медитеранскиот брег и еден од најпосетените градови на Коста дел Сол. По заедничкото разгледување и слободното време, следува патување кон Ронда – еден од највпечатливите градови во Андалузија.
- Разгледување со водич: мостот Пуенте Нуево, од каде се пружа најубавата панорама на градот и кој ги поврзува стариот маварски дел и новиот дел – Ел Меркадио; арената за борба со бикови – една од најстарите во Шпанија; арапските бањи, палатата Мондрагон, палатата на маварскиот крал, градските порти и ѕидини, плоштадот Дуке де Парсент со црквата Санта Марија...
- Слободно време за индивидуално уживање во овој прекрасен град. Во договорено време, поаѓање кон Торемолинос.
- Ноќевање.
11.04.2026
- Појадок.
- Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет до Севиља.
- Севиља е главен град на Андалузија, сместен во долината на реката Гвадалквивир. По пристигнувањето, разглед на градот: катедралата изградена на местото на поранешна џамија по протерувањето на муслиманите, Алказар – стара маварска палата, Златната кула, Градската куќа, паркот Марија Луиза со бројни споменици и музеи, арената за борба со бикови од 19 век...
- Катедралата во Севиља е најголемата средновековна готска катедрала, богато украсена со злато и позната по тоа што во неа е погребан Кристофер Колумбо. По разгледот – слободно време.
Патување назад кон Торемолинос.
- Ноќевање.
12.04.2026
- Појадок.
- Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативен излет до Антекера и Гранада.
- Антекера е импресивен мал град со повеќе од 50 споменици и пештери кои датираат од бронзеното доба. Разгледување на центарот: палатата Најера, манастирот Каталинас и палатата на Маркизот де ла Пења.
Потоа следува патување до Гранада и панорамско разгледување на градот. Гранада е универзитетски град кој се наоѓа под планините на Сиера Невада. На рид над градот се издига познатата Алхамбра – комплекс на кралски палати со уредени дворови, базени, фонтани и градините на Хенералифе.
По разгледот – слободно време. Во договорено време поаѓање кон Торемолинос.
- Ноќевање.
13.04.2026
- Појадок.
- Напуштање на собите.
- Слободно време до трансферот на аеродром.
- Трансфер до аеродромот во Малага.
- Полетување за Тирана во 22:20 часот.
- Слетување во Тирана во 01:35 часот.
Black Friday:
599 € за возрасно лице
559 € за дете од 02 – 11.99 години
80€ за деца до 02 години
Во цената е вклучено:
Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
Повратен авионски лет од Тирана со рачен багаж
Аеродромска такса
5 ноќевања со појадок во Tent Torremolinos 3*
Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса по лице / ден
Факултативни излети
Патничко осигурување
Локален транспорт: метро или автобуски билети
