Вила Gyalos Beach има одлична локација во Неос Мармарас на вториот крак. На само 50м од најубавата плажа на Неос Мармарас, кај фудбалското игралиште. Од содржини располага со двор, веранда и скара, нема свој паркинг, гостите ги оставаат својте возила пред самиот објект. Има вкупно 7 студија од кои: 5 модерно опремени двокреветни (4 со директен поглед кон море и 1 со директен поглед кон планина и странично кон море обележан во ценовникот со SSV) и 2 четворокреветни студија на приземје. Сите се опремени со соодветен мебел, клима (доплата 5 евра од ден за користење директно на сопственикот), интернет Wi-Fi, ТВ, комарник, тоалет, балкон/тераса, мини кујна, мала и голема крпа/пешкир по лице. Вилата е одличен избор за фамилии и парови кој сакаат да се блиску до одлична плажа и градски содржини во модерно опремени соби.
BLACK FRIDAY
-30% за резервации со комплетни уплати до 29.11.2024
-20% за резервации со комплетни уплати до 31.12.2024
-10% за резервации со комплетни уплати до 15.03.2025
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во Студио за 7 ноќи
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот објект во Грција.
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 1,50 евра по соба од ноќ
НАПОМЕНИ:
– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);