fbpx

Одмор во ИТАЛИЈА - СИЦИЛИЈА - со авион од Софија! Загарантирани места!

  • Понудата е објавена на 11/11/2025

ДЕН 1
Поаѓање од аеродромот во Софија со директен лет за Катанија. Слетување на аеродромот во Катанија. Трансфер до хотелот. Сместување. Информациона средба со нашиот претставник на лице место. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 2
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
По желба и претходна резервација: полудневна екскурзија од „Од брег до брег“.
Поаѓање од пристаништето кон Џардини Наксос со туристичко бродче. Кратко едрење покрај живописните брегови северно од одморалиштето ќе ве однесе до "убавиот остров" Изола Бела. Тука бродчето застанува во водата, нудејќи можност да попливате во прекрасните морски води или едноставно да уживате во жешкото сицилијанско сонце. Можете да се освежите со овошјето, закусите и пијалоците понудени на бродот. Потоа, морската прошетка продолжува до заливот Капотаормина за нуркање и посета на Пештерата на денот. Поаѓање назад кон пристаништето на Џардини Наксос, каде што завршува ова мини крстарење.

ДЕН 3
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
По желба и претходна резервација: целодневна екскурзија до Етна и Таормина.
Околу 08:00 часот поаѓање кон највисокиот во Европа и еден од најактивните вулкани во светот - величествената Етна. Локалците ја нарекуваат планината на планините, а старогрчкиот поет Пиндар ја опишува како столб на кој се крепи небото. За време на искачувањето со автобус на падините на вулканот до 1900 метри надморска висина ќе уживате во прекрасни пејсажи. Ова е местото каде што ќе ги видите страничните кратери на вулканот. Местото каде автобусот ја остава групата е многу раздвижено и нуди различни можности за забава. Бројните дуќанчиња со своите сувенири од лава ги повикуваат туристите. Овде ќе можете да пробате ароматен и силно алкохолен ликер "Огнот на Етна" или да купите од вкусниот мед од Ѕаферана, можете да се забавувате во 7D-кино, да ги "истражите" страничните кратери "Силвестри" и се разбира, да уживате во сицилијански ручек. Тука се наоѓа станицата "Сапинеца", каде со доплата љубителите на адреналин можат да се искачат со жичница и џипови до подножјето на централните кратери на вулканот на околу 3000 метри надморска височина на прошетка со туристички водич вулканолог.
Попладне поаѓање за Таормина - бисерот на Јонското Море. Познатото сицилијанско одморалиште е основано во 400 година пр. Хр. на ридот над морето од бегалци од крајбрежниот грчки град Наксос. Искучителната положба на Таормина е причина за прекрасната панорама, од каде што се гледа секоја точка на градот. Автобусот ја остава групата во подножјето на градот, од каде со бесплатен градски автобус се пристигнува до срцето на градот. Слободно време за индивидуална прошетка во Таормина. Градот привлекува со своите знаменитости, кои сведочат за неговата долга историја и нуди различни можности за забава. Овде ќе можете да се запознаете со знаменитостите на Таормина - фантастичниот грчки театар, остатоците од римскиот Одеон, плоштад "9 април", плоштадот "Дуомо" со катедралата и Фонтана со кентаур, да се прошетате низ малите романтични улички на градот, да ги видите мноштвото продавници во кои ќе најдете традиционални за островот дела - рачно изработена чипка, накит од корал, керамика, да уживате во исклучителниот вкус на домашни колачи и омилениот италијански сладолед или да уживате во некое од прекрасните кафулиња каде служат ароматно италијанско кафе.
* Се препорачува топла облека и удобни чевли!

ДЕН 4
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
По желба и претходна резервација: целодневна екскурзија до Сиракуза и Ното.
Околу 08:00 ч. поаѓање за град Сиракуза - најпознатата грчка колонија на Медитеранот и родно место на Архимед. Цицерон вели дека Сиракуза е "највеличествениот грчки град и најубав од сите". Разглед со локален водич на историскиот центар, лоциран на островот Ортиџа кој е под заштита на УНЕСКО: Храмот на Аполон - најстариот доријски храм во Сицилија од 6 в. Пр. Хр .; Плоштад „Архимед“; плоштад "Ил Дуомо" со прекрасната катедрала и црквата "Света Лучија", каде се наоѓа и оригиналот на едно од најголемите платна на Караваџо "Погребот на Света Лучија"; изворот на Аретуса, кој се поврзува со легендата за вечната љубов. Во слободното време ќе имате можност за индивидуална посета на музејот "Белломо" или за прошетка во пристанишната тврдина на Сиракуза "Кастело Маниаче" од 13 в.
Попладне поаѓање за Ното - вистински скапоцен камен на барокната архитектура под заштита на УНЕСКО. Пешачки разглед во Ното: катедралата на Ното и доворецот "Палацо Николачи" - зградата на богати трговци на туна со најубавите барокни балкони на светот, цркви со соседните кон нив поранешни манастирски згради. Слободно време со можност за посета на палатата Палацо Николачи.

ДЕН 5
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
По желба и претходна резервација: целодневна екскурзија до Долината на храмовите во Агриџенто.
Околу 06:00 часот поаѓање кон Долината на Храмовите близу Агриџенто, дел од светското наследство на УНЕСКО. Разгледување на остатоците од девет антички грчки храмови кои датираат од V век п.н.е., посветени на боговите Хера, Зевс, Херкулес, храмот „Конкордија“. Агриџенто е основано во 6 век п.н.е. од доселениците од блиската колонија Џила, наречена Акрагас. Старогрчкиот поет Пиндар го нарекува "најубавиот град на смртници". Познатиот грчки филозоф Емпедокле (490-430 п.н.е.) е роден во Акрагас. Многуте руини во долината и остатоците од седумте храмови ја докажуваат својата милениумска историја. Тие се сметаат за најубави грчки остатоци надвор од Грција.
*Се препорачува лесна облека, капи и средства за заштита од сонце!

ДЕН 6
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
По желба и претходна резервација: целодневна екскурзија до Модика и Шикли.
Околу 08:00 часот поаѓање кон прекрасниот барокен град Модика, познат и како "Градот на скалите" поради неговата интересна висинска локација и стотици скали што го поврзуваат долниот дел со горниот дел од градот. Во минатото, Модика бил важен политички, економски и културен центар, а денес е еден од најинтересните и најпрепознатливите градови во Сицилија. Историскиот центар на градот е вклучен во Списокот на светското наследство на УНЕСКО. Модика, исто така, привлекува туристи со специфична продукција од средниот век, рецепт за чоколада што го носат шпанските освојувачи. Овде можете да најдете чоколада со лута пиперка, бадеми, цимет, лимон, сол и многу други.
Поаѓање за Шикли - градот на режисерот на серискиот филм „Инспектор Монталбано“. Овде се снимени некои од сцените во култниот крими филм. Прошетка по главната улица "Франческо Мормина Пена" со најубавите барокни градби во градот: палати, цркви, јавни згради, обични приватни домови.

ДЕН 7
Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
По желба и претходна резервација: целодневна екскурзија до Палермо и Монреале.
Екскурзијата започнува со посета на главниот град на Сицилија - Палермо, чија архитектура ги обединува сите стилови кои ја одразуваат испреплетената и богата историја на градот. Единствено во Палермо се задржани траги од влијанието на сите медитерански народи - феникијците, грци, римјани, арапи и нормани, шпанци и французи. За време на пешачката прошетка во градот се гледаат: "Порта Нуова", во непосредна близина до која се располага норманската палата "Палацо деј нормани" со прекрасната "Капела Палатина"; Катедралата „Успение на пресвета Богородица“; Плоштадот „Куатро Канти“; плоштад „Преторија“ со Фонтаната на срамот; црквата „Ла Марторана“, каде што фреските, византиските мозаици и барокот се слеваат во хармонично ремек-дело; „Театро Масимо“ - најголемата лирична сцена во Италија. Слободно време со можност за самостојно разгледување на градот и посета на некои од неговите знаменитостите - црквата "Свети Каталдо" катакомбите на капуцините, пазарот "Ла Вучирија" кој потсетува на арапските пазари – еден светол и жив спектакл.
Екскурзијата продолжува со посета на Монреале кој е сместен на рид и од кој се открива прекрасен поглед на Палермо. Посета на познатата катедрала "Санта Марија Нуова", која ќе ве импресионира со позлатени мозаици, кои претставуваат сцени од Библијата на површина од околу 6.000 м2. Слободно време за прошетка низ уличките и чудесните дуќанчиња на Монреале. Можност за самостојно разгледување на 228-те колони од стариот бенедиктински манастир на кои се изгравирани религиозни и митолошки мотиви.
* Во катедралите и црквите се влегува само со покриени раменици, деколте и колена!

ДЕН 8
Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање за Катанија - пешачка прошетка во центарот на градот (вклучена во цената). Трансфер до аеродромот. Заминување за Бугарија. Слетување на аеродромот во Софија.

Термин Цена за возрасен Цена за дете 1-11г Еднокреветна соба
30.05.2026 675еур 401еур 801еур
06.06.2026 675еур 401еур 801еур
13.06.2026 675еур 401еур 801еур
20.06.2026 675еур 401еур 801еур
27.06.2026 682еур 405еур 809еур
04.07.2026 689еур 409еур 817еур
11.07.2026 689еур 409еур 817еур
18.07.2026 689еур 409еур 817еур
25.07.2026 689еур 409еур 817еур
01.08.2026 817еур 409еур 945еур
08.08.2026 817еур 409еур 945еур
15.08.2026 817еур 409еур 945еур
22.08.2026 817еур 409еур 945еур
29.08.2026 768еур 384еур 888еур
05.09.2026 689еур 409еур 817еур
12.09.2026 689еур 409еур 817еур
19.09.2026 689еур 409еур 817еур
26.09.2026 682еур 405еур 809еур
03.10.2026 675еур 401еур 801еур

Поради честа промена на цените, Ве молиме јавете се во агенција за проверка на моментална цена!

Во цената е вклучено:
Авионски билет за директен лет Софија - Катанија - Софија на авиокомпанија "Wizz Air" (или слична) со вклучени аеродромски такси и 1 мал рачен багаж до 10 кг (40х30х20 см)
Трансфер аеродром - хотел - аеродром;
7 ноќевања со вклучен појадок - шведска маса и вечера со сервирање (вечерата во денот на пристигнување е ланч пакет) во хотел "Sporting Baia" 4* (или сличен) во Џардини Наксос
Пешачки разглед во Катанија;
Асистенција за време на целиот престој,
Патничко осигурување со покритие до 30 000EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

Во цената не е вклучено:
Туристичка такса: 2EUR на турист на ден (се плаќа на рецепција и се одредува од локалната општинска администрација.);
Пијалоци по време на вечерата
Дополнителни услуги и екскурзии според програмата;
Влезници за музеи, локации и настани за време на екскурзии и други опционални посети: искачување до централниот кратер на Етна (65EUR за возрасен/ 44EUR за дете); Античкиот грчки театар (10EUR) во Таормина; катедралата (2EUR), музејот "Белломо" (8EUR) и тврдината "Кастело Маниаче" (4EUR) во Сиракуза; палата "Николачи Виладората"(4 EUR) во Ното; Долината на храмовите (10EUR) во Агриџенто; катедралата (7EUR), црквата "Ла Марторана" (2EUR), Театро Масимо (8EUR), катакомбите на капуцините (3EUR) во Палермо; катедралата (4EUR) во Монреале. Цените се ориентациони, можни се промени!
Чекиран багаж
Бакшиш за водич / возач
Трошоци од лична природа;
Градски и локален превоз;
Чадори и лежалки
Baby cot: 6EUR од вечер (со претходна најава и се плаќа на лице место на рецепцијата на хотелот)
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија

Дополнителни услуги:
Целодневна екскурзија до Етна и Таормина при минимум 20 туристи
над 12 г.39 EUR
деца од 2 г. до 11 г. 19 EUR

Целодневна екскурзија до Сиракуза и Ното при минимум 20 туристи
над 12 г. 58 EUR
деца од 2 г. до 11 г. 29 EUR

Целодневна екскурзија до Палермо и Монреале при минимум 20 туристи
над 12 г. 90 EUR
деца од 2 г. до 11 г. 45 EUR

Целодневна екскурзија до Долината на храмовите во Агриџенто и Скала деј Турки при минимум 20 туристи
над 12 г. 56 EUR
деца од 2 г. до 11 г. 28 EUR

Целодневна екскурзија до Модика и Шикли при минимум 20 туристи
над 12 г. 56 EUR
деца од 1 г. до 11 г.28 EUR

Пакет од 3 екскурзии: Етна и Таормина, Сиракуза и Ното, Модика и Шикли. Секојa од екскурзиите се спроведува на бугарски јазик при минимум 20 туристи.
над 12 г. 140 EUR
деца од 2 г. до 11 г. 70 EUR

Пакет од 4 екскурзии: Етна и Таормина, Сиракуза и Ното, Модика и Шикли, Долината на Храмовите во Агриџенто и Скала деи Турки. Секоја од екскурзиите се спроведува на бугарски јазик при минимум 20 туристи
над 12 г. 190 EUR
деца од 1 г. до 11 г. 95 EUR

Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по враќање од патувањето (цена на турист за сместување во двокреветна соба) 20 EUR
Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по враќање од патувањето (цена на турист за сместување во еднокреветна соба) 33 EUR

Чекиран багаж до 10 кг (во двете насоки) 47 EUR
Чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки) 63 EUR

Информации и резервации 043 231 221

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top