Парга е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини. Парга е комплетно летовалиште и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.
Студиа Фиоре Б кат. Парга – 200 метри од плажа(идиличната Писо-Kрионери), со одличен пристап до море без нагорнини, симпатично уреден двор со зеленило и мала скара, прикладни места за паркирање, близина на атлетскиот центар на Парга. Студијата се опремени со кујни, тоалет, ТВ, клима со доплата 7 Еур/ден, тераси, сателитска телевизија, секои 3 дена чистење на апартманите. Студијата се со модерен дизајн и соодветна пространост, идеални за комфорен семеен одмор, некои се со поглед на море, а некои од сместувачките единици се во сутерен, па ве молиме да се информирате во агенцијата каков тип резервирате.
Попусти за рана уплата : -7% до 28/02/2026
Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД.
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети) освен 1 дете до 7 години во кревет со родител. Доплата за клима 7 Еур/ден.
Доплата за автобуски превоз возрасни 60 Еур од Битола.
Aвтобуски превоз 70 Еур – Скопје, Велес, Кавадарци, Охрид, Струга Ресен, Прилеп.
Превоз за деца од 2 до 12 год попуст 10 Евра од редовната цена за возрасен.
Автобусот застанува на најблиската можна локација каде е дозволено застанување.
За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст.
Попустите не може да се комбинираат.
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст.
Туристичката такса се плаќа на рецепција
Вилата се состои од 12 сместувачки единици по следниот распоред:
-број 1 и број 3 (тип на соба 3+1) сместени на сутерен, опремени со кујна, тераса на задната и предната страна, сопствено купатило;
-број 2 (тип на соба 1/2) сместена на сутерен, опремена со кујна, тераса на задната и предната страна, сопствено купатило;
-број 4 (тип на соба 2+1) сместена на 1 спрат опремена со кујна, тераса, сопствено купатило;
-број 5 и 6 (тип на соба 1/2) сместени на 1 спрат, опремени со мини чајна кујна, додека главната кујна е заедничка за двете соби. Имаат тераса, сопствено купатило;
-број 7 (тип на соба 1/3+ екс.кревет) сместена на 2 спрат, опремена со кујна, тераса, сопствено купатило;
-број 8 и 9 (тип на соба 1/2) сместени на 2 спрат, опремени со кујна, имаат тераса, сопствено купатило;
-број 10 и 11 (тип на соба 1/4) сместени на приземје, опремени со кујна, тераса со поглед кон улицата, сопствено купатило;
-број 12 (тип на соба апартман 1/4) сместено на ниско приземје (сутерен), опремено со кујна, тераса на задната страна и 4 засебни кревети во две спални, сопствено купатило.
Време на поаѓање кон Грција:
01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
02:20 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол Дреново)
03:10 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
Време на заминување од Грција:
(времињата се по GR време)
Агиос Никитас 13.00 часот
Нидри 14.00 часот
Никиана 14.30 часот
Канали 15.00 часот
Врахос 15.30 часот
Амудиа 16.00 часот
Парга 16.30 часот
Напомна: Заради зголемен обем на сообраќај во сезона, некогаш не е можно да се запазат предвидените времиња на пристигање и поаѓање.
