На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот во последните децении, островот е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.
Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој остров во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.
Британскиот весник „Тајмс“ неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.
Сместување – Вила Zoi 1
Вила Zoi 1 располага со 15 студиа, двокреветни, трокреветни и четирикреветни на прв и втор спрат. Секое студио има тераса, сопствен тоалет, клима, фен, пешкири, мини фрижидер и мини решо за подготовка на лесна и брза храна (не е класична кујна).
Вилата е во центарот на островот и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Постелнина и пешкири се менуваат двапати неделно, додека собите се чистат секое утро.
Вилата е оддалечена 10–15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.
Распоред на студија
Студио бр. 1 – двокреветно, прв спрат.
Студио бр. 2 – двокреветно, прв спрат.
Студио бр. 3 – трокреветно, прв спрат.
Студио бр. 4 – трокреветно, прв спрат.
Студио бр. 5 – двокреветно, прв спрат.
Студио бр. 6 – двокреветно, втор спрат.
Студио бр. 7 – двокреветно, втор спрат.
Студио бр. 8 – двокреветно, втор спрат.
Студио бр. 9 – трокреветно, втор спрат.
Студио бр. 10 – трокреветно, втор спрат.
Студио бр. 11 – двокреветно, втор спрат.
Студио бр. 12 – четирикреветно, трет спрат.
Студио бр. 13 – двокреветно, трет спрат.
Студио бр. 14 – трокреветно, приземје.
Студио бр. 15 – двокреветно, приземје.
7 ноќевања – 8 дена во вила Zoi 1 (цени по лице со вклучен превоз Скопје–Волос–Скијатос–Волос–Скопје)
Цените се изразени во евра. За уплата во денарска противвредност се користи курс: 1 € = 62 денари.
Што е вклучено во цената
7 ноќевања – 8 дена во вила Zoi 1 (цени по лице).
Автобуски превоз на релација Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија.
Туристички пратител за време на патувањето.
Претставник од агенција за време на престојот.
Што не е вклучено во цената
Дополнителни 46 € – задолжителна доплата за билет за траект на релација Волос–Скијатос–Волос (се плаќа во автобус).
Патничко осигурување.
Факултативни излети.
Користење на клима (не е задолжително) – 7 € од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето.
Доплата за туристичка такса – 14 € од студио или апартман за 7 ноќи (задолжително, се плаќа кај газдите на вилата).
План и програма
Термините за лето 2026 на Скијатос се од четврток до четврток.
Поаѓањето е секоја среда навечер, а секој четврток е прв ден од одмор.
Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект-компанијата.
Важно
За споен термин (два последователни термини) се сметаат ПРОМО цените. За нив не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
За промо цените не се одбива за превоз доколку патувате со сопствен превоз.
Во случај на уплата на сингл соба по редовна цена, се доплаќа +50% од редовната цена.
За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат.
За споен термин (на редовни цени) се одбива 15 € за превоз и се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените).
Полињата кои се со црвено во табелите означуваат зафатени студиа, полињата со зелено означуваат колку студиа се вкупно слободни. При резервација задолжително контактирајте на наведените телефони за слободни капацитети и точен тип на студио.
Телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку за тоа време нема потврда за уплата (канцеларија, жиро-сметка или online), резервацијата се смета за откажана.
За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% од вкупната сума.
Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
Влегувањето во собите е после 14:00 часот по локално време.
Напуштањето на собите е во 09:00 часот по локално време.
Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на реализација, организаторот го наплатува целокупниот износ (100%).
Доплата за туристичка такса – 10,5 € од студио или апартман за 7 ноќи (се плаќа во вилата кај сопствениците).
Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно бројот на легла.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуваат самите гости.
Кујните во сите студиа се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависат исклучиво од давателот и техничките можности во регионот; агенцијата нема одговорност за квалитетот на интернет сигналот.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа.
Објектот располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа на прв и втор спрат.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку Ultra First, Last Minute, Black Friday или други промо-кампањи да објави и продаде слободни капацитети по цени различни од редовните во ценовникот.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разлика во цена во однос на промотивните понуди.
Факултативни излети
Крстарење до Lalaria Beach и островот Skopelos
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава, плажата Лаларија е како рај на земјата – ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место кое чека да го посетите. Оваа плажа е достапна само со бродче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок.
Се посетува и островот Skopelos, како и црквата Agios Ioannis, позната по иконата св. Јован. На ова место, како и на островот Skopelos, се снимени голем број сцени од мјузиклот „Mamma Mia“. Крстарењето претставува целодневно уживање.
