fbpx

Неи Пори е познато и многу посетувано туристичко место во областа Пиерија. На оддалеченост 160 км. од границата Пресвета Богородица-Гевгелија, ова туристичко место е релативно блиску, а сепак нуди нешто повеќе за туристите. Широките плажи со ситен песок, булеварите и пространите улици, уредените паркови, цркви, многубројните таверни, долгото шеталиште, модерните вили и хотели го карактеризираат Неи пори за дестинација на која се навраќате повторно и повторно. Медитеранската клима задскриена во пазувите на планината Олимп го прават идеалното летувалиште што може природата да го соедини. Многу кафетерии, слаткарници, гиро ресторани, ресторани со тематски содржини, детски забавни паркови се само дел од вашето летно доживување.

Вила MARY се наоѓа на 200м од плажа. Располага сотрокреветни и четворокреветни студија и петтокреветни и шестокреветни апартмани. Сите се опремени со кујна, купатило, ТВ, клима уред (со доплата 6еур од ден) и балкони со маса и столици.

Цените за термините (16.05; 23.05; 30.05; 06.06;05.09;12.09 и 19.09.2026) означени со ѕвездичка * во табелата се пакет аранжмани и се дадени по лице за 7 ноќи со вклучен автобуски превоз. Останатите цени за дадените смени се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќи.

-За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
-трето, четврто, петто, шесто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 - 12 години;
- дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
- за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

Клима со доплата 6еур од ден, WI-FI бесплатно
Паркинг слободен на принцип прво слободно место

5% ЗА УПЛАТА НА 50% ДО 21.11.2025
7% ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 21.11.2025

Попустот не важи за цените со ѕвездичка

Цени по лице за пакет аранжман
7 ноќи со превоз
Цени за НАЕМ на СТУДИО или АПАРТМАН Цени по лице за пакет аранжман
7 ноќи со превоз
ПЕРИОД
МАЈ – ЈУНИ Ј У Н И ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
*16 *23 *30 06* 13 20 27 4 11 18 25 1 8 15 22 29 *05 *12 *19
НОЌЕВАЊА 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
СТУДИО 1/3
бр.305,306
Макс.3 лица
69 79 99 119 369 389 419 459 489 509 529 529 529 519 469 439 129 119 109
СТУДИО 1/4
бр.302
Макс 4 лица
69 79 109 129 379 429 459 479 529 549 549 549 549 539 489 449 139 129 119
АПАРТМАН 1/3+1/2
бр.304
Макс 5 лица
79 89 119 139 439 459 489 509 559 579 589 589 589 579 529 479 159 139 129
АПАРТМАН 1/3+1/3
бр.301,303
Макс 6 лица
79 89 129 139 489 499 539 589 609 629 669 669 669 629 589 499 169 149 129

НАПОМЕНИ:
- Минимум 48 часа пред патување патниците треба да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
- Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ и ДУПЛЕКСИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
Студијата и апартманите немаат крпи, имаат сапун и тоалетна хартија

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50€ за возрасни – повратна карта
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
35€ за возрасни или деца – карта во еден правец;
10€ за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
20€ за прв ред на седиште
Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз.Мак.Оил 04:30 часот наутро
Кочани Основен Суд 03:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 04:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР - 25 € ПО ЛИЦЕ - ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро
Битола Спортска сала 03:15 часот наутро

Вила МЕРИ – НЕИ ПОРИ (ОПИС НА СТУДИЈА И АПАРТМАНИ)

Втор кат
АПАРТМАН БР.301 (1/3+1+1/2) 6 лица
Апартманот располага со две спални соби меѓусебно одвоени со врата. Во едната спална соба има еден дупол кревет еден поединечен кревет и кревет на спуштање, клима уред, тв + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, електричен шпорет, голем фрижидер. Во другата спална соба има дупол кревет, плакар за алишта. Се излагува на тераса со маса и столици. Апртманот има стандардно купатило и вц.

СТУДИО БР.302 (1/4) 4 лица
Студиото располага со еден дупол и два поединечни кревети. Во сколопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има решо со две рингли, аспиратор и фрижидер голем. Излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото има клима уред, тв и стандардно купатило со вц.

АПАРТМАН БР.303 (1/3)+(1/3) 6 ЛИЦА
Апартманот располага со две спални соби + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар. Во едната спална соба има дупол кревет и поединечен кревет плакар за алишта, тв, клима и излегува на тераса со маса и столици. Втората спална соба има еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта и излегува на истата тераса со маса и столици. Апартманот има стандардно купатило и вц.

АПАРТМАН БР.304 (1/3)+(1/2) 5 ЛИЦА
Апартманот располага со две спални соби меѓусебно одвоени со врата. Во едната спална соба има еден дупол кревет еден поединечен кревет клима уред, тв + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, електрично решо, голем фрижидер. Во другата спална соба има дупол кревет, плакар за алишта. И од едната и од другата спална соба се излегува на тераса со маса и столици. Апартманот има стандардно купатило и вц.

СТУДИО БР.305 (1/3) 3 лица
Студиото располага со еден дупол кревет, еден поединечен кревет. Во сколоп на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо, аспиратор и голем фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото има клима уред, тв и стандардно купатило со вц.

СТУДИО БР.306 (1/3) 3 лица
Студиото располага со еден дупол кревет, еден поединечен кревет. Во сколопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо, аспиратор и голем фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото има клима уред, тв и стандардно купатило со вц.

 

 

  • Локација:
Прочитано 226 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top