Неи Пори е познато и многу посетувано туристичко место во областа Пиерија. На оддалеченост 160 км. од границата Пресвета Богородица-Гевгелија, ова туристичко место е релативно блиску, а сепак нуди нешто повеќе за туристите. Широките плажи со ситен песок, булеварите и пространите улици, уредените паркови, цркви, многубројните таверни, долгото шеталиште, модерните вили и хотели го карактеризираат Неи пори за дестинација на која се навраќате повторно и повторно. Медитеранската клима задскриена во пазувите на планината Олимп го прават идеалното летувалиште што може природата да го соедини. Многу кафетерии, слаткарници, гиро ресторани, ресторани со тематски содржини, детски забавни паркови се само дел од вашето летно доживување.
Вила DIAS се наоѓа на 50 метри од плажа. Располага со трокреветни студија, четворокреветни мезонети-апартмани и петтокреветни апартмани, сите опремени со кујна, купатило, тв, клима ред, балкони со директен или страничен поглед на море и апартмани со поглед на двор.
Цените за темрините(16.05; 23.05; 30.05; 06.06;05.09;12.09 и 19.09.2026) означени со ѕвездичка * во табелите се пакет аранжмани и се дадени по лице за 7 ноќи со вклучен автобуски превоз. Останатите цени за дадените смени се однесуваат за наем на студио за 7 ноќи
-За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН-МЕЗОНЕТА плаќаат минимум 2 лица;
-трето,четврто,петто,шесто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 2 - 12 години;
- дете до 1,99 години не плаќа (бесплатно) не користи седиште во автобус;
- за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
Клима се доплаќа 6еур, WI-FI бесплатно
Паркинг кој функционира на принцип прво слободно место
НАПОМЕНИ:
- Минимум 48 часа пред патување патниците треба да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
- Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ и ДУПЛЕКСИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
Студијата и апартманите немаат крпи, имаат сапун и тоалетна хартија
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50€ за возрасни – повратна карта
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
35€ за возрасни или деца – карта во еден правец;
10€ за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
20€ за прв ред на седиште
Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште
Вила Диас - Неи Пори (Опис на студија и апартмани)
Приземје
АПАРТМАН - МЕЗОНЕТА БР.101 (1/2 + 1/2) 4 лица
Располага со две спални соби кои се меѓусебно поврзани со внатрешни скали. На долниот кат во спалната соба е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, електрично решо, аспиратор и дворче. Во долната спална соба има два единечни кревети кои можат да се спојат како дупли кревет, плакар за алишта, клима уред, тв. Во другата спална соба која се наоѓа на вториот кат поврзана со внатрешни скали, има два единечни кревети. Апартман-мезонета има стандардно купатило со вц.
АПАРТМАН - МЕЗОНЕТА БР.102 (1/2 +1/2) 4 лица
Располага со две спални соби кои се меѓусебно поврзани со внатрешни скали. На долниот кат во спалната соба е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, електрично решо, аспиратор и дворче. Во долната спална соба има два единечни кревети кои можат да се спојат како дупли кревет, плакар за алишта, клима уред, тв. Во другата спална соба која се наоѓа на вториот кат поврзана со внатрешни скали, има два единечни кревети. Апартман-мезонета има стандардно купатило со вц.
Прв кат
АПАРТМАН БР.201 (1/2+1)+(1/2) 5 ЛИЦА
Апартманот располага со две спални соби меѓусебно одвоени со зидче без врата + кујна комотна и комплетно опремена со кујнски инвентар, електрично решо, голем фрижидер. Во едната спална соба има дупол кревет и поединечен кревет, клима уред и излегува на тераса со поглед на море. Втората спална соба има еден дупол кревет, плакар за алишта, тв и излегува на тераса со поглед на море. Апртманот има стандардно купатило и вц.
СТУДИО БР.202 (1/4) 4 лица
Студиото располага со еден дупол кревет, еден поединечен кревет и еден кревет на спуштање. Во сколопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има решо со две рингли, аспиратор и фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици и има страничен поглед на море. Студиото има клима уред, тв и стандардно купатило со вц.
Втор кат
АПАРТМАН БР.301 (1/2+1)+(1/2) 5 ЛИЦА
Апартманот располага со две спални соби + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар. Во едната спална соба има дупол кревет и поединечен кревет и голем фрижидер и излегува на тераса со поглед на море. Втората спална соба има еден дупол кревет, плакар за алишта и излегува на тераса со поглед на море. И во двете спални соби има клима уред. Апартманот има стандардно купатило и вц.
СТУДИО БР.303 (1/3) 3 лица
Студиото располага со еден дупол кревет, еден поединечен кревет. Во сколоп на собата е кујна која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо, аспиратор и фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици и има поглед на море. Студиото има клима уред, тв и стандардно купатило со вц.
СТУДИО БР.304 (1/3) 3 лица
Студиото располага со еден дупол кревет, еден поединечен кревет. Во сколоп на собата е кујна која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо, аспиратор и фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици и има поглед на море. Студиото има клима уред, тв и стандардно купатило со вц.
