fbpx

Хотел ГОЛДЕН БИЧ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк кој е фантастичен за попладневни прошетки и ќе имате можност да уживате во колоритните зајдисонца кои Метаморфози може да ги понуди. Метаморфози е исто така познато по енормното присуство на иглолисна, борова шума и претставува воздушна бања која се граничи со синото Егејско Море.

Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН и располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и имаат ограничен поглед (брачен + eдинечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба), 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Апартман со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба). Секоја соба има простран балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ, тоалет, пешкири, средства за лична хигиена и сушара. Хотелот има главен ресторан, базен со чадори и лежалки, бар покрај базенот, детско катче со трамболина, лизгалки и други реквизити, сопствена плажа и бар на плажа кој е со доплата.

•Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска масa;
•Вечера 18:30-21:00 ч. на база шведска маса

*10% early booking до 01.02.2026, со 50% уплата и доплата 15 дена пред поаѓање

ПОЛУПАНСИОН НОЌИ 1/3 1/3 1/4 1/4 1/5
ТЕРМИН Приземје Стандард Студио Апартман Апартман
23.05 7 250 260 315 335 365
30.05 7 270 310 355 380 410
6.06 7 325 345 405 430 460
13.06 7 355 390 460 485 515
20.06 7 390 425 485 505 535
27.06 7 430 450 510 535 570
4.07 7 470 485 565 585 620
11.07 7 510 545 595 620 660
18.07 7 510 545 595 620 660
25.07 7 510 545 595 620 660
1.08 7 510 545 595 620 660
8.08 7 510 545 595 620 660
15.08 7 510 545 595 620 660
22.08 7 480 520 570 590 620
29.08 7 415 455 485 505 545
5.09 7 370 390 450 470 515
12.09 7 305 325 390 410 460
19.09 7 275 290 335 355 380

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
• За сигурна резервација се подраз бира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;
Попусти за рана уплата:
• Попустот за рана уплата од 10% важи за резервации направени до 01.02.2026; со аконтација од 50% од вкупниот износ на аранжманот и целосна доплата до 15 дена пред поаѓање;

НАПОМЕНА:
• Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за 7 ноќевања;
• Во собите е дозволено сместување на лица според бројот на кревети, и едно дете кое нема да користи кревет, на возраст до максимум 5,99 години.
• Прво дете во 1/3 соба, Приземје или Стандард, и 1/4 или 1/5 Студио и Апартман'' од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
• Второ дете во 1/3 Стандард, од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
• Второ дете во 1/4 Студио или 1/4 и 1/5 Апартман, од 0 до 5,99 г. на редовно легло БЕСПЛАТНО
• Второ дете во 1/4 Студио или Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќа 20% од цената
• Второ и трето дете во 1/5 Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плакаат по 20% од цената за возрасен
• Трето дете во 1/4 Студио или Апартман од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
• Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло - БЕСПЛАТНО
• Втора, трета, четврта и петта возрасена особа над 12 години во 1/3 Приземје и Стандард, или 1/4 студио, и 1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената по лице;
• Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот, 5еур од соба од ноќ;
• Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;
• Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;
• Сместување во собите е по 15:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време;
• За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);
• Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари;

Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:
• возрасни: 50 € (еден правец 40 €)
• деца од 2 до 12 години: 40 € (еден правец 35 €)
• деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус);

 

 

  • Локација:
Прочитано 1865 пати

Поврзани понуди

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top