fbpx

Хотел "Pilalidis" се наоѓа на 150m од плажа и околу 300m од центарот на Пефкохори под главниот пат во крајниот дел на Пефкохори.

Хотелски соджини: Се состои од главна зграда во која се наоѓа Рецепција со Lobby bar и Ресторан, голем хол со фотељи каде гостите си го остваат багажот на денот на сместување и заминување со бесплатен Wi-Fi интернет. Неколку вили од кои секоја oд по 4 до 6 студија на приземје и 1-ви кат, опкружени со преубаво уредениот, огромен двор со многу зеленило, палми, трева, голем и мал (детски) базен, со лежалки, бар за пијалоци покрај базенот, игачки за деца.. Идеално место за одмор и релаксација. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа пекара, маркет и ресторани за брза храна.
Хотелско сместување: Сместувачките капацитети се од типот апартман - мазонет (на I-ви кат веднаш до рецепцијата со поглед кон базенот). Распоред на мазонетите: На долниот кат е комплетно опремена мини кујна со фрижидер од средна големина, кревет на спуштање каде може да спијат две деца или две возрасни лица, маса со четири столици, на вториот кат со внатрешни скали има брачен кревет, гардеробер, клима, купатило, TV, гардеробер, тераса со масичка и столчиња со прекрасен поглед кон базенот или одлично уредената градина.. Гостите со сопствени возила имаат можност за паркинг околу хотелот. Ви посакуваме пријатен престој.

EARLY BOOKING 2026
10% попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70% до 01.02.26)
7% попуст за резервации до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70% до 01.03.26)

"PILALIDIS" 3*
Пефкохори
термин
МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
30 6 13 20 27 4 11 18 25 1 8 15 22 29 5 12 19
бр. ноќи 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
2+2 мазонет 415 475 555 635 725 805 895 985 985 985 985 985 895 825 715 625 515
опис на ценовникот цени за наем на апартман - мазонет

НАПОМЕНА

- Цените се дадени за наем на цел апартман-мазонет без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Максимално сместување - во 2+2 мазонет - 2 возрасни и 2 деца или 4 возрасни.
- Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време).
- Превоз од: Куманово / Штип / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија.
- Автобусот ги остава/зема патниците на околу 20m од хотелот на булеварот.
- Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН на рецепција и покрај базенот.
- Клима - бесплатна и се наоѓа над скалите помеѓу прв и втор кат.
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- Доплата за туристичка такса 3€ од апартман од ноќ (се плаќа на рецепција при сместување);
- Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);

Автобуски превоз ПЕФКОХОРИ, според термини од табелата Патни Информации
Град на поаѓање Mесто на поаѓање Време на поаѓање Скопје - Пефкохори (345 км)
Куманово: (бензинска Макпетрол - автопат) 04:15h
Скопје - Тесалоники - Неа Модања - Пефкохори

Автопат (Е75)

Трошоци во еден правец:
Патaрини во Македонија (430ден)
Патарини во Грција (2.30€)

Скопје: (пред хотел Континентал) 05:00h
Штип: (паркинг пред нова пошта) 05:00h
Велес: (бензинска Макоил, мотел Македонија) 05:45h
Неготино: (бензинска, Макпетрол) 06:15h
Удово:Г.П. Богородица: (бензинска, Oкта / Богородица) 07:00h
Поаѓање од Пефкохори: 14:00 по МК време / 15:00 по ГР време (на главниот булевар)

 

  • Локација:
Прочитано 6017 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top