fbpx
Вила Нама - Скала Потамиа Лето 2026 Тасос

Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг. На оддалеченост од 400км. и 30 мин. возење со траект се пристигнува на островот Тасос. Зелен остров, комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето. Изобилува со борова шума и мирис на медовина, природни сенки и планински возвишенија. Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден бич. Во должина од 3км.се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа, означени со плаво знаменце за чистота и квалитет. Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај, плажата асоцира на злато.

Вила НАМА лоцирана во Скала Потамиа на оддалеченост околу 50 метри од плажата Голден бич. Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот. На само неколку метри од вилата има супермаркети, ресторани, таверни.
Користење на паркинг, клима и WI-FI е бесплатно

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ

7% ЗА УПЛАТА НА 50% ДО  21.11.2025
10% ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 21.11.2025

ПЕРИОД
MAJ Ј У Н И Ј У Л И АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
29 5 12 19 26 3 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
НОЌЕВАЊА 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
АПАРТМАН
1/2+1/2
Апп.бр.1,2,3
179 219 329 379 469 529 569 649 649 649 649 629 569 449 379 279 129

НАПОМЕНИ:
- Минимум 48 часа пред патување патниците треба да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

Апартманите имаат крпи, тоалетна хартија и сапун.
Чистење 2 пати во текот на престојот од 7 ноќи

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ: 
65 € за возрасни – повратна карта; 
50 € за деца до 12 години – повратна карта; 
50 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *

ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА:
20€ за возрасни – повратна карта
15€ за дете од 2 – 12 години – повратна карта

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 00:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 01:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз.Мак.Оил 01:45 часот наутро
Кочани Основен Суд 00:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 01:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 02:15 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 03:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР - 25 € ПО ЛИЦЕ - ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 00:45 часот наутро
Битола Спортска сала 00:00 часот наутро

Опис на апартманите во вила Нама

Прв кат
АПАРТМАН БР.1 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на прв кат и располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор, микробранова печка, чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица. Овде има плакар за алишта и клима уред. Од оваа просторија се излегува на тераса со поглед во двор полн со зеленило. Втората просторија е спална соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи. Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.

АПАРТМАН БР.2 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на прв кат и располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер ,шпорет со две рингли, аспиратор, микробранова печка, чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица. Овде има плакар за алишта и клима уред. Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило. Втората просторија е спална соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи. И од спалната соба се излегува на тераса со поглед во убав двор со зеленило. Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.

АПАРТМАН БР.3 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор, микробранова печка, чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица. Овде има плакар за алишта и клима уред. Втората просторија е спална соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи. Од спалната се излегува на тераса со поглед во двор полн со зеленилo и поглед према море во далечина. Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.

  • Локација:
Прочитано 7647 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top