Сивири е малиот рај на Халкидики во Грција. Ова мало крајбрежно селце, сместено на западниот дел на полуостровот Касандра, претставува вистинска оаза на прекрасни плажи и природни убавини.
Сивири се идентификува со:
Прекрасни Плажи: Белиот песок и кристално чистата вода создаваат идеални услови за опуштање и капење. Плажите на Сивири се познати по својата чистота и широкиот бел песок.
Природа: Селото е опкружено со борови, зелени градини и прекрасни пешачки стази.
Храна: Во Сивири ќе најдете одлични ресторани и таверни каде што може да уживате во автентичниот грчки вкус.
Зајдисонце: Не пропуштајте го прекрасниот залез над Егејското море.
Шопинг и Забава: Селото има мал број на бутици, кафулиња и барови.
HOTEL CALYPSO 3*
Опис: Хотел Calypso 3* е поставен во мирно опкружвање со борова шума, во селцето Сивири, на првиот крак на Халкидики, Касандра. Од најблиската плажа е оддалечен 7 мин пешачење, додека центарот на селото каде гостите ќе најдат бројни туристички содржини е на 600м оддалеченост.
Сместување: хотелот располага со 22 соби Секоја од собите е опремена со тоалет со туш кадичка или када, клима уред, мини фрижидер со комора за замрзнување, сателитска телевизија, фен, сеф и балкон со гарнитура за седење.
Услуга: BB ноќевање со појадок на база шведска маса, можност за а ла карт доплата за ручек / вечера во таверна Александрос
Хотелски содржини: рецепција, отворен базен, детски базен, бар покрај базен, лежалки и чадори покрај базен, сала за појадок, Wi-Fi интернет
Локација: на првиот крак Касандра, во селцето Сивири
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ПОЈАДОК И ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ
- 3то и 4то ЛИЦЕ ГРАТИС ПЛАЌА САМО ПРЕВОЗ -
BLACK FRIDAY до -30% за резервации со комплетни уплати до 28.11.2025
Цената вклучува:
- Автобуски превоз
- Сместување во избраниот тип на соба и термин
- Исхрана на база 7 ноќевања со појадок
Цената не вклучува:
- Туристичка такса 2€ од соба од ноќ доплата на лице место на рецепција
НАПОМЕНИ:
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
* Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
* Типот на соба се одредува при резeрвација
* Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 10 €
* Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет.
– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитети да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
