fbpx

Скала Фурка се наоѓа на околу 100 километри од Солун на западната страна на полуостровот Касандра. Местото е познато по долгата песочна плажа која се протега по целиот залив каде што се наоѓа Скала Фурка. Градот има голем број продавници, пазар Масутис и маркет Елиника, бројни сувомеснати и пицерии, слаткарници, таверни, рибен пазар, пекари, кафулиња, барови, детски игралишта, продавници за сувенири, изнајмување автомобили, аптека...

Во центарот на градот има голем плоштад-шеталиште со клупи каде што можете да уживате во рибните ресторани Такис, Таласа. Ако преферирате гиро, тогаш 24h или Gytos ths Fourkas се вистинските места. Виа Гелато за сладолед и миризливи вафли. Наутро и во текот на денот, во пекарницата Лемони можете да ги купите најдобрите пецива, леб и слатки. Пробајте ги палачинките во кафулето Глоуб. Ја препорачуваме и традиционалната кафана Хронис која се наоѓа во старото село Фурка кое е на околу 3 км од Скала Фурка. Изборот на барови на плажа е навистина голем и ќе го задоволи сечиј вкус. Местото е идеално за оние кои уживаат во пешачењето бидејќи е целосно рамно. Младите можат да најдат забава во баровите лоцирани во центарот. На 5 километри се наоѓа блиската Сивири како и надалеку познатите плажи на Посидија. Уживајте во прекрасното зајдисонце и погледот на врвовите на Олимп од плажа или некој од рестораните во Скала Фурка.

Сивири е тивко и живописно одморалиште лоцирано на Касандра, првиот прст на полуостровот Халкидики. Ова место зрачи со традиција, прекрасни плажи и пријателска атмосфера. Сивири се наоѓа на запад од полуостровот Касандра, на Халкидики, а од Солун е на околу 90 километри. Сивири е тивко медитеранско село на морскиот брег во форма на амфитеатар, кое е на само 9 километри од Калитеа. Ова мало грчко одморалиште е оддалечено околу 320 км од Скопје. Сивири е најпознат по традиционалниот фестивал Касандра, кој се одржува секоја година во јули и август 26 години по ред

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top