Куќа „Алека“ се наоѓа на извонредна локација во центарот на Неа Плагија, втора линија до плажа, пред неа има голем прекрасно уреден парк и голем бесплатен паркинг. Сите студија и апартмани (со поглед на море или кон улица) се целосно реновирани, темелно, квалитетно и модерно уредени. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, интернет и клима вклучени во цената. Во собите нема пешкири како дел од опремата.
-12% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНИ УПЛАТИ ДО 28.02
Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
- Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите -
Цени објавени за наем на студио за 7 ноќевања
Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
- Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите -
Забелешка: трикреветните студија се со брачен – француски кревет и дополнително легло, четирикреветните студија (во една соба) и апартмани (две одвоени соби) се со два брачни - француски кревета
Напомени и услови:
Цените во табелите 1 и 3 или вонсезонски се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот
Цените во табелата 2 или сезонски се објавени за наем на апартман за 4 лица, во истиот може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
Цената за автобуски превоз изнесува:
3.100 денари (50 евра) за возрани
2.480 денари (40 евра) за деца до 11,99 години
Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
За патниците кои користат организиран превоз тргнувањето од Скопје е во 3:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 2:30 часот. Агенцијата – организатор на патувањето го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување, ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда на времето и местото.
Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Официјална е единствено онаа резервација направена со уплата од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот, а според Општите услови за патување кои се составен дела на секој меѓусебно потпишан Договор за патување се врши најдоцна 15 дена пред терминот на тргнување
Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
Туристичката такса која од лето 2025 година изнесува 2 еврa на ден се плаќа на самото место
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
Игуана травел не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ