Хотелот Kavala Beach се наоѓа во непосредна близина на плажата во Ираклица, едно од најпознатите туристички места во близината на Кавала. Располага со студија и апартмани опремени со удобен мебел, постелнина, крпи, купатило, фен, целосно опремена мини кујна за подготвување на лесни оброци (фрижидер, кафемат, микробранова печка),TV со рамен екран, безжичен интернет и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите соби имаат балкони, а хотелот располага со надворешен базен со лежалки и простор за паркирање на возила.
Early Booking:
15% попуст за резервации и уплати до 31.01.2025
10% попуст за резервации и уплати до 28.02.2025
Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман без вклучен појадок. Доплата за дополнителен кревет за трето лице- 15 евра од ден (на барање). Доплата за појадок 15 евра по лице (не е задолжително). Деца до 3 години сместени во заеднички кревет со возрасно лице бесплатно.
Сите гости во хотелот можат да го користат надворешниот базен и лежалките. Не е дозволено конзумирање сопствени пијалоци и храна на базенот и во заедничките простории во хотелскиот комплекс.
Напомена: Секоја резервација се смета за валидна со минимум 30% аконтација. За користење на попустите неопходна е целосна уплата до наведениот термин.
Цената не вклучува:
- Туристичка такса (се плаќа дирекно во хотелот)
- Превоз
- Патничко осигурување
Плаќање исклучиво во денари по курс 1еур = 62ден.