АМУЛИАНИ
На само 10 минути возење со траект од пристаништето Трипити ќе пристиганете до прекрасниот Божествен остров - рајот на Халкидики – островот Амулиани. Со површина од само 4,5 км2 и со околу 600 жители, прекрасна тиркизна вода, ситен песок, маслинови и борови насади, повелете да уживате. Ценатарот на островот изобилува со многу ресторани со свежа и вкусна риба, гиро, кафетерии, продавници - супермаркети, слаткарници, бутици, сувенирници и занимливости за најмалите-рент а кар услуги. На источната страна на островот се наоѓа градот Амулиани. Од тука можете да ги посетите и да уживате на непосредните плажи, но незаборавајте да ги посетите на источната страна: Мегали амос, Св.Ѓорги, Вавос, Елефант, на западната и северозападната страна Фака, Карагација, Аликес бич и уште неколку други Божествени убавини.
Вилата “ЏОРЏ и МАРИОС“ лоцирана е во центарот на градот Амулиани, убаво опремена вила. Секоја соба има мини кујна опремена со кујнски инвентар, кафе мат, мал фрижидер со комора и плотна со 1 рингла. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Секоја соба има клима уред и тв и тераса со маса и столици. Вилата има и безжичен интернет, во непосредна близина има паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место.
Ценовник наем на 7 ноќевања
Користење на клима уред и WI-FI е бесплатно
НАПОМЕНИ:
- Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
- За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
- Кога има акциски попуст на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
Студијката имаат крпи, тоалетна хартија и сапун
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
20 € за прв ред на седиште;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА :
10€ за возрасни – повратна карта;
7 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта
ОПИС НА СТУДИЈА
СТУДИО БР.2 1/4 4 ЛИЦА
Студиото се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет и два поединечни кревети. Во студиото може да престојуваат 4 лица. Има плакар за алишта. Кујната е опремена со аспиратор, плотна со две рингли, мал фрижидер со комора и кујнски инвентар, маса, ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и ВЦ. Студиото излегува на тераса со маса и столици.
СТУДИО БР.3 1/4 4 ЛИЦА
Студиото се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет и два поединечни кревети. Во студиото може да престојуваат 4 лица. Има плакар за алишта. Кујната е опремена со аспиратор, плотна со две рингли, мал фрижидер со комора и кујнски инвентар. Има маса за ручавање, ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и ВЦ. Студиото излегува на тераса со маса и столици.