Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг. На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на островот Тасос. Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето. Изобилува со борова шума и мирис на медовина,природни сенки и планински возвишенија. Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден бич. Во должина од 3км.се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа , означени со плаво знаменце за чистота и квалитет.Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај , плажата асоцира на злато.
Вила “ОЛГА и ХРИСТИНА“ лоцирана во Скала Потамиа на оддалеченост околу 30тина метри од плажата Голден бич. Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот. На само неколку метри од вилата има супермаркети, ресторани, таверни.
Ценовник за наем на 7 ноќевања
Користење на клима уред, WI-FI и паркинг бесплатно
НАПОМЕНИ:
- Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
- За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
- Кога има акциски попуст на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета)
Апартманите имаат крпи за лице, тоалетна хартија и сапун
Апартманите се чистат два пати во текот на престојот
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
65 € за возрасни – повратна карта;
50 € за деца до 12 години – повратна карта;
50 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *
ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА:
20€ за возрасни – повратна карта;
15 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта.
Опис на студијата
ПРИЗЕМЈЕ
СТУДИО БР.2 (1/3)
Студиото се наоѓа на приземје и излегува на убав двор со страничен поглед на море.
Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет, мини кујна со садови, решо со две рингли, мал фрижидер со комора, чајник, тостер, тв, клима уред, плакар за алишта, дворче со маса и столови.
СТУДИО БР.3 (1/3)
Студиото се наоѓа на приземје и излегува на убав и комотен двор со страничен поглед на море.
Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет, мини кујна со садови, решо со две рингли, мал фрижидер со комора, чајник, тостер, тв, клима уред, плакар за алишта, дворче со маса и столови.
СТУДИО БР.4 (1/3)
Студиото се наоѓа на приземје и излегува на убав двор со страничен поглед на море.
Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет, мини кујна со садови,решо со две рингли,мал фрижидер со комора, чајник, тостер, тв, клима уред, плакар за алишта, дворче со маса и столови.
1 КАТ
СТУДИО БР.5 (1/3)
Студиото се наоѓа на први кат и излегува на убава тераса со страничен поглед на море. Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет, мини кујна со садови, решо со две рингли, мал фрижидер со комора, чајник, тостер, тв, клима уред, плакар за алишта, дворче со маса и столови.
СТУДИО БР.6 (1/3)
Студиото се наоѓа на први кат и излегува на убава тераса со страничен поглед на море.
Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет, мини кујна со садови, решо со две рингли, мал фрижидер со комора, чајник, тостер, тв, клима уред, плакар за алишта, дворче со маса и столови.
СТУДИО БР.7 (1/3)
Студиото се наоѓа на први кат и излегува на убава тераса со страничен поглед на море.
Студиото располага со еден дупли кревет и еден поединечен кревет, мини кујна со садови, решо со две рингли, мал фрижидер со комора, чајник, тостер, тв, клима уред, плакар за алишта, дворче со маса и столови.