ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови, игралишта, забавни паркови,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос. Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл, парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата “ЕЛИСАВЕТА“ е убава, стандардно опремена вила и се наоѓа на 30 метри од плажа. Секое студио и апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,решо со две рингли,купатило и вц,спална соба, тераса, тв, клима уред и ви-фи конекција.
КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО
Цените за термините (16.05; 23.05; 30.05; 06.06; 07.09; 05.09, 12.09 и 19.09.2025) означени со ѕвездичка* се пакет аранжмани и се однесуваат по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз
Останатите цени се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања
За пакет аранжманот СТУДИО или ДУПЛЕКС -МЕЗОНЕТА потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто, петто или шесто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 - 12 години;
- дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
- за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
НАПОМЕНИ:
- Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
- За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
- Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со ѕвездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА И ДУПЛЕКС МЕЗОНЕТИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
50 € за возрасни – повратна карта;
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште );
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *
ВИЛА ЕЛИСАВЕТА - (ОПИС НА СТУДИЈА И ДУПЛЕКС МЕЗОНЕТА)
I кат
СТУДИО БР.3 (1/4) - 4 лица
Студиото располага со еден дупол кревет стандарден за спиење на две лица и два поединечни кревети на спрат стандардни за спиење на две лица.Вкупно во студиото можат да престојуваат четири лица.Во склопот на истата соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар,голем фрижидер,мини шпорет со фурна, плакар за алишта, тв, клима уред.Од собата се излегува на комотна тераса со маса и столици и има страничен поглед на море.Студиото располага со стандардно купатило и вц.
СТУДИО БР.4 (1/4) - 4 лица

СТУДИО БР.5 (1/4) - 4 лица

СТУДИО БР.6 (1/4) - 4 лица

II кат
ДУПЛЕКС – МЕЗОНЕТА БР.1 (1/3 + 1/2 +1/1 ) - 6 лица
Дуплексот е составен од три спални соби, кујна + купатило со вц + тераса. Првата спална соба (која што е во склоп на кујната) има еден дупол кревет и еден поединечен кревет,тв,клима уред, плакар за алишта и излегува на тераса со страничен поглед на море.Во втората спална соба се оди по внатрешни скали и има еден дупол кревет, плакар за алишта , веднаш овде со ѕид и друга врата е раздвоена третата спална соба во која што има еден поединечен кревет. Кујната е опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,мини шпорет со фурна. Дуплексот располага со стандардно купатило и вц.
ДУПЛЕКС – МЕЗОНЕТА БР.2 (1/2+1 + 1/2 +1/1 ) - 5 лица + 1 дете
Дуплексот е составен од три спални соби, кујна + купатило со вц + тераса. Првата спална соба (која што е во склоп на кујната) има еден дупол кревет и еден кревет на спуштање,тв,клима уред, плакар за алишта и излегува на тераса со страничен поглед на море.Во втората спална соба се оди по внатрешни скали и има еден дупол кревет, плакар за алишта , веднаш овде со ѕид и друга врата е раздвоена третата спална соба во која што има еден поединечен кревет. Кујната е опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,мини шпорет со фурна. Дуплексот располага со стандардно купатило и вц.