fbpx

Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг. На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на островот Тасос. Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето. Изобилува со борова шума и мирис на медовина, природни сенки и планински возвишенија. Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден бич. Во должина од 3км.се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа, означени со плаво знаменце за чистота и квалитет. Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај, плажата асоцира на злато.

Вила “НАМА“ лоцирана во Скала Потамиа на оддалеченост околу 50тина метри од плажата Голден бич. Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот. На само неколку метри од вилата има супермаркети, ресторани, таверни.

Термин 30.05 6.06 13.06 20.06 27.06 4.07 11.07 18.07 25.07 01.08 08.08 15.08 22.08 29.08 05.09 12.09 19.09
АПАРТМАН
1/2+1/2
Апп.бр.1,2,3
199 219 309 379 469 499 549 599 629 629 629 599 549 429 379 309 259

Ценовник за наем на апартман за 7 ноќевања
Користење на клима уред, паркинг и WI-FI бесплатно

НАПОМЕНИ:
- Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
- За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
- Кога има акциски попуст на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета)

Апартманите имаат крпи за лице, тоалетна хартија и сапун
Апартманите се чистат два пати во текот на престојот

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
65 € за возрасни – повратна карта;
50 € за деца до 12 години – повратна карта; 
50 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *

ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА:
20€ за возрасни – повратна карта;
15 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта.

Град Место на тргнување Време
Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 00:15 часот наутро
Скопје Спортска сала Борис Трајковски 01:00 часот наутро
Велес Мотел Македонија бенз.Мак.Оил 01:45 часот наутро
Кочани Основен Суд 00:15 часот наутро
Штип Нова Пошта 01:00 часот наутро
Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 02:15 часот наутро
Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 03:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР - 25 € ПО ЛИЦЕ - ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 00:45 часот наутро
Битола Спортска сала 00:00 часот наутро

Опис на апартманите
Први кат
АПАРТМАН БР.1 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор, микробранова печка, чајник и има кревет на извлекување наменет за 2 лица. Овде има плакар за алишта и клима уред. Втората просторија е сплана соба во која има еден дупли кревет, тв и сеф за лични работи. Од спалната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило.

АПАРТМАН БР.2 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор, микробранова печка, чајник и има кревет на извлекување наменет за 2 лица. Овде има плакар за алишта и клима уред. Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило. Втората просторија е сплана соба во која има еден дупли кревет, тв и сеф за лични работи.

АПАРТМАН БР.3 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории. Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор, микробранова печка, чајник и има кревет на извлекување за две лица. Овде има плакар за алишта и клима уред. Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило. Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет, тв и сеф за лични работи. Од спалната се излегува на тераса со поглед во двор полн со зеленило.

 

  • Локација:
Прочитано 5314 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top