fbpx

Вила Афродити, Нидри, Лефкада

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја.. Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.

Вила Афродити Б кат. – Нидри – на самиот брег, 300 метри од плажа, во непосредна близина на центарот, многуте таверни и шеталиштето, уреден двор со зеленило и мала пицерија, рецепција, прикладни места за паркирање во близина со обезбедување и со наплата (бесплатен паркинг во близина). Студијата се опремени со мали кујни, тоалет, ТВ, клима ВКЛУЧЕНА во цена, тераси Чистење на апартманите на 3 дена. Студиата се со традиционален дизајн, со различна големина, некои се со поглед на море.

Попусти за рана уплата:
-20% за резервации до 30/11/2024
-15% за резервации до 31/12/2024
-10% за резервации до 28/02/2025

Термин/Услуга 1/2 студио 1/2 студ.поглед 1/3+1 студио (4 лица)
28.05.-04.06.2025 149 159 179
04.06.-11.06.2025 169 179 199
11.06.-18.06.2025 229 249 269
18.06.-25.06.2025 299 309 319
25.06.-02.07.2025 359 379 399
02.07.-09.07.2025 399 419 439
09.07.-16.07.2025 439 459 479
16.07.-23.07.2025 479 499 519
23.07-30.07.2025 479 499 519
30.07-06.08.2025 479 499 519
06.08.-13.08.2025 479 499 519
13.08-20.08.2025 479 499 519
20.08-27.08.2025 459 479 499
27.08.-03.09.2025 379 399 419
03.09.-10.09.2025 299 319 339
10.09.-17.09.2025 249 269 289
17.09.-24.09.2025 199 219 239
24.09-01.10.2025 129 149 169

Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети) освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.

Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола.
Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена.
Климата е ВКЛУЧЕНА во цена.
За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не се комбинираат.
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. Попустите не може да се комбинирааат.
Туристичката такса се плаќа на лице место.
Важат Општите услови за патување на СКТМ.

Време на заминување од Грција:
(времињата се по GR време)
Агиос Никитас 13.30 часот
Нидри 14.00 часот
Никиана 14.30 часот
Канали 15.00 часот
Врахос 15.30 часот
Амудиа 16.00 часот
Парга 16.30 часот

 

  • Локација:
Прочитано 3125 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top