fbpx

Нови и модерни двокреветни соби во главната хотелска зграда и приватни бунгалови сместени веднаш до главната хотелска зграда кои нудат фасцинантен поглед кон заливот Ахладис и Егејското Море.
Летниот одмор на Скијатос добива нова димензија!
Хотелот се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа Ахладис, што го прави одлично место за одмор и реклреација! Хотелот нуди двокреветни соби и семејни бунгалови во срцето на Скијатос.
Хотелот има сопствен базен покрај кој ќе можете да уживате во вечерните часови со вашиот омилен пијалок и друштвото за добар муабет.
Главната причина која не натера да го закупиме хотелот е местоположбата на објектот, кој од едната страна е планина, а од другата страна е морето, што е нешто кое му е најпотребно на секој за добар релаксиран одмор.
Собите на хотелот се светли и пространи, дел од нив се во сино-бела нијанса што асоцира на морската ширина. Дел имаат поглед кон морето, а дел се со поглед кон планината.
Веднаш наспроти хотелот има супермаркет, а по самата главна улица која води до плажата Кукунариес и до градчето ќе најдете еден куп ресторани и таверни.
Градчето на Скијатос е на само 10 минути со автобус, кои автобуси ги има постојано.
Откако ќе пристигнат на пристаништето на Скијатос, гостите на хотелот имаат организиран трансфер до хотелот, и назад на денот на заминување
Хотелот исто така има служба која го пренесува багажот од рецепција до бунгаловите на патниците кои се сместени во истите

Термин 1/2 bungalow 1/2 studio sea view 1/2 studio garden view
22.05-29.05 155 180 170
29.05-05.06 195 220 210
05.06-12.06 196 270 260
12.06-19.06 285 310 300
19.06-26.06 340 365 355
26.06-03.07 400 425 415
03.07-10.07 430 455 445
10.07-17.07 430 455 445
17.07-24.07 430 455 445
24.07-31.07 430 455 445
31.07-07.08 430 455 445
07.08-14.08 430 455 445
14.08-21.08 430 455 445
21.08-28.08 375 400 390
28.08-04.09 305 330 320
04.09-11.09 235 260 250
11.09-18.09 175 200 190
18.09-25.09 165 190 180
25.09-02.10 165 190 180

Што е вклучено во цената
-7 ноќевања во хотел Белведере (цени по лице)
-Појадок во хотелот
-Користење на базенот
-Користење на клима
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Целосна логистика при сместување и одјавување
-Туристички претставник од агенцијата одговорен за време на вашиот одмор
-Туристички пратител за време на патувањето
-Цените се изразени по лице

Што не е вклучено во цената
–Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Доплата за туристичка такса 10 евра од соба од ден
-Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице
-Најдолe од понудата каде пишува ВАЖНО има повеќе информации во врска со промо цените.

Важно

За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените).
Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и се пресметува од редовната цена.
Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
Активните попусти не се комбинират со други попусти
Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
Доплата за туристичка такса 10 евра е од ден ( Се плаќа во хотел)
Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 09:00ч по локално време.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а агенцијата нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
Објектот располага со 1/2 на приземје и кат
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

 
Прочитано 121 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top