Hotel Eretria Hotel & Spa Resort 4* се наоѓа на 6 км од центарот на Еретрија, опкружен со живописни градини со панорамски поглед на Евискиот Залив. Целосно е реновиран, оддалечен е околу 28 километри од Халкис, главниот град на островот, а исто толку е и од големиот мост кој го поврзува островот Евија со копното на Грција. Хотелот е на 119 км од аеродромот во Атина.
Плажа:
Хотелот е на 300 метри од плажа. Лежалките и чадорите на плажа се доплаќаат.
Хотелски капацитети: Рецепција, три ресторани од медитеранска и интернационална кујна, два барови, спа и фитнес центар, деловен центар и голем број модерни сали за состаноци и конференции, детски клуб, бесплатна интернет конекција со голема брзина, продавници, салон за убавина, спорт простор со терени за тенис, кошарка, одбојка, мини-фудбал и одбојка, базен и детски базен. Домашни миленици не се дозволени.
Соби:
Хотелот располага со 220 комплетно реновирани сместувачки единици со модерен дизајн. Пушењето не е дозволено во собите. Има соби прилагодени на потребите на лицата со посебни потреби. Сите соби имаат тераса, крпи за плажа, LED ТВ и радио, автоматска клима, директна телефонска линија, биро, сеф, мини фрижидер, лупа, козметички производи со врвен квалитет, фен, влечки, брачни или единечни кревети. На гостите им се достапни и услуги за будење, перење, пеглање и хемиско чистење.
Услуга: All Inclusive
Линк од хотел: Eretria Hotel & Spa Resort 4*
За резервација до 31.03.2025 10% попуст за престој во период од 01.05 до 31.10.2025
Уплата 50% веднаш и 50% 21 ден пред пристигнување
Working period from 01.05 till 31.10.2025
Stayover tax 10 ЕУР за соба на ден, се плаќа на лице место
House Rules
Internet
Food And Beverages
Services
Children
Activities