Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг. На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на островот Тасос. Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето. Изобилува со борова шума и мирис на медовина, природни сенки и планински возвишенија. Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден бич. Во должина од 3км. се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа, означени со плаво знаменце за чистота и квалитет. Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај, плажата асоцира на злато.
Вила “КЕРИОН“ лоцирана во Скала Потамиа на оддалеченост околу 100 метри од плажата Голден бич. Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот. Има сопствен паркинг. На само неколку метри од вилата има супермаркети,ресторани,таверни. Има обезбедено паркинг простор за секое студио за гостите.
Користење на паркинг и WI – FI, БЕСПЛАТНО
Доплата за користење на клима уред 7 € од ноќ од соба
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌИ
НАПОМЕНИ:
- Минимум 48 часа пред патување патниците треба да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства)само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
Апартманите имаат крпи за лице, тоалетна хартија и сапун
Чистење 2 пати во текот на престој од 7 дена
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
65€ за возрасни – повратна карта;
50€ за деца до 12 години – повратна карта;
50€ за возрасни или деца – карта во еден правец;
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *
ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА:
20€ за возрасни – повратна карта
15€ за дете од 2 – 12 години – повратна карта
Опис на студијата во вила КИЕРИОН
СТУДИО БР.4 (1/2)
Студиото се наоѓа на високо приземје. Има еден дупол кревет, клима уред, кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер, шпорет со две рингли,аспиратор. Овде има плакар за алишта и клима уред. Од кујната се излегува на тераса со страничен поглед кон море и убав двор полн со зеленило. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР.5 (1/3)
Студиото се наоѓа на прв спрат. Има еден дупол кревет и еден поединечен кревет, клима уред, кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор. Овде има плакар за алишта и клима уред. Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило и поглед кон море. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР.8 (1/3)
Студиото се наоѓа на втор спрат. Има еден дупол кревет и еден поединечен кревет кој се извлекува од под дуплиот, клима уред, кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер, шпорет со две рингли, аспиратор. Овде има плакар за алишта и клима уред. Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило и поглед кон море. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
