fbpx

МАЛДИВИ ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА

  • Понудата е објавена на 16/12/2020

МАЛДИВИ
Промотивна индивидуална понуда за рајските Малдиви

ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ • АСИСТЕНЦИЈА • ТРАНСФЕРИ

» 7 ноќи | 8 дена | Full Board ... од 699 €

» 7 ноќи | 8 дена | All Inclusive ... од 769 €
» 9 ноќи | 10 дена | Full Board ... од 845 еур €
» 9 ноќи | 10 дена | All Inclusive ... од 899 еур €

 

Забелешки:
• За лица со македонски пасоши виза не е потребна. Дозволен е престој до 30дена доколку патникот располага со повратна авионска карта и валидна хотелска резервација.

• Дадените индивидуални цени НЕ вклучуваат авионски карти до Мале бидејќи истите се променливи и зависни од расположливоста на места, авионските конекции, периодот на патување... Секако, на Ваше барање, нашите стручни агенти ќе понудат најсоодветни комбинации на лет.

• Цените се со вкалкулирани трансфери од аеродромот на Мале до избраниот хотел (со глисер, хидро авион, или внатрешен лет).

• За патување на Малдивите потребен е негативен ПЦР тест не постар од 96 часа. САМА Холидеј може да асистира при планирање и закажување.

 

МАЛДИВИ - РАЈСКИ ОСТРОВИ
Ова е единствената држава која всушност претставува архипелаг од околу 1190 острови, групирани во 26 атоли кои како прстени се расфрлени низ Индискиот океан на површина од речиси 90.000 км2. Островите се населени повеќе од 2500 години а моментално ги населуваат околу 390.000 жители, од кои повеќето живеат во главниот град Мале. Интересн податок е што на Малдивите највисоката надморска височина на копното е само 1.5м. Коралните гребени кои ги опкружуваат овие острови прават своевидна природна бариера која го смирува океанот и ги чува островите и нивните жители безбедни и настрана од разорните океански бранови, со векови наназад. Синоними за овие острови се лагуните со неверојатно бел корален песок, кристално чистата тиркизна вода, тропската вегетација која изобилува со кокосови палми, како и прекрасниот и необичен подводен свет. Доколку рајот постои, тој би бил токму - Малдивите.


Местоположбата, морето, ветерот и сонцето заедно формираат идеални услови за престој. Температурата се движи од 24 до 33 степени, влажноста на воздухот е висока, но умерениот ветер кој постојано дува го прави престојот на островите пријатен. Со оглед на тропската природа и екваторијалната позиција, дождовите се честа појава на Малдивите, но сепак се претежно од краткотраен карактер и тешко можете да ги предвидите. Се појавуваат одеднаш без предупредување и за брзо време исчезнуваат. Иако нема изразена климатска сезоналност, се смета дека дождовите повеќе се присутни во периодот јуни – Октомври, а помалку во периодот Ноември - Април. Така, Малдивите претставуваат идеална дестинација за егзотичен тропски одмор во текот на целата година, со тоа што се смета дека највисоката сезона е периодот од Декември до Март, додека пониска и поевтина сезона е периодот Јуни - Август.
Туристичката понуда на Малдивите е во главно организирана на начин што обезбедува навистина уникатно и тропско искуство за туристите, но сепак со сите актуелни и модерни содржини и погодности. Повеќето хотели се сместени на свои острови (еден хотел е еден остров) а собите се распоредени во вили низ островот, на плажите непосредно до самиот океан. Актуелни и интересни секако се и вилите на вода кои се доста чести на Малдивите, но очекувајте цените за истите да бидат поскапи. Иако собите на вода се своевидна атракција, според многу сместувањето во поевтините соби на копно е поавтентично и порелаксирачко искуство - соба со тераса која излегува на песочна плажа под палми, со приватни лежалки… Сите опции се прекрасни на Малдивите.

САМА Холидеј располага со обемна понуда за Малдивските Острови. Ве молиме контактирајте не за да подготвиме персонализирана предлог понуда за Вашето патување.

Контакт Информации
Канцелариски телефони:

☎ + 389 43 231 221
☎ + 389 43 212 320
☎ + 389 78 730 777

e-mail: 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Продажнa канцелариja:

30 години на препознатлива локација, во сопствени простории

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • 078 730 777

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 17.00

Сабота 

Top