fbpx

ОСТРОВИ ГРЦИЈА

КРФ - Градчето Ipsos, кое распослано низ долгата песочна плажа во најубавиот дел од островот, несомнено оправдано со години се вбројува во најпосакуваните туристички места на Крф. Неговата местоположба, близината до градот Крф и останатите поголеми туристички места како Дасиа, Гувиа, Нисаки и Барбати... го карактеризира како добар избор за летен одмор. Богатата тиристичка понуда на сместувачки капацитети, како и на објекти за забава, особено го прават привлечен за оние кои од одморот секогаш очекуваат и нешто повеќе. Изборот на Ипсос и Крф за наша повторна летна дестинација, не е случаен. Долгогодишната соработка со неговите домаќини и задоволството на нашите туристи е императив повеќе, за продолжување на традицијата. Објектите кои се лоцирани во непосредната близина на неговата плажа, нивниот квалитет и поволните цени на туристичките пакети, претставуваат мотив за негов избор.

Како еден од најголемите острови во јонскиот архипелаг, Кефалонија воедно претставува и еден од најинтересните острови во јонското море. Главен град на островото е градот Аргостоли, во кој воедно живее и една третина од тамошното население.  Неговата површина зафаќа 904 км2 на која денес живеат околу 40.000 жители. На исток од Кефалонија се наоѓа познатиот остров Итака кој е одделен од него со природен морски канал во должина од 9 км и широчина од 2 до 5 км, на југ е островот Закинтос, а на север веќе познатата Лефкада. Климата е средоземна со долги и топли лета и благи и дождливи зими. Рељефот е воглавно карактеристичен со брдовит и стрмен предел и со не многу изобилна вегетација. Главна карактеристика се сепак убавите ували и заливи кои образуваат прекрасни и песокливи плажи. Плантажите со маслини, винова лоза, агруми и овошје се најубавите надополнувања на природно убавите предели. Археолошките локалитети сведочат за неговата богата историја која датира уште од античкото време - Микена, Римското царство, Византија, па се до Турција и владеењето на Венеција. Владеењето со островот на крајот од 18 век и припаѓало на Франција, а последни со него управувале Британците се до ослободувањето и припојувањето кон Грција во 1864 година.  Меѓу најпознатите туристички места на Кефалонија, освен градот Аргостоли, на западната страна се издвојува и градот Ликсури, на Северната страна е градчето и пристаниште Фискардо, а на неговата југоисточна страна се можеби и најубавите места со песочни плажи Скала и Порос. Градот Порос е всушност и најблиската точка и поврзување со копното на Грција и со Пелопонез до кој директно се одвива траектната линија од пристаништето Килини. Мноштвото објекти за сместување центарлната поставеност која му дава непосредна близина до сите побитни места за посета и прошетки низ островото, гратчето Порос го карактеризираат како идеално место за престој и запознавање со островото. За време на престојот, задолжително, освен споменатите туристички места, би требало да се посетат и познатите локалитети како: големата пештера со прекрасните дела на природата исцртани во вековните фигури од сталагнити и сталактити, подземното езеро Мелесанина во Пановата пештера, плажата Миртос... а секако и блиските остови Итака и Лефкада. На само два километри од местото Сами, се наоѓа далеку познатата пештера Мелисани, чие подземно езеро ги остава без здив илјадниците посетители – туристи. Позната и опишана во митологијата како “пановата пештера” и денес со својата мистичност ги плени нејзините посетители. Пловењето со изнајмените чамци на весла низ нејзината внатрешност, додека погледот постојано е упатен кон големиот отвор на нејзиниот свод, впечатокот за нејзината таинственост целосно го врежува во сеќавањата на истражувачите. Пештерата Drogarati, овој природен феномен е дотолку поголем и поспецифичен, кога ќе се земе  предвид дека се наоѓа на едно од најужните острови во Европа. Дури и надворешните горештини во летниот период не го менуваат чувството на студ и подземна свежина со која се карактеризира оваа пештера. Впрочем ни многубројните фигури на Сталагнити и Сталактити не би опстанале, доколку изолацијата и внатрешноста на земјата не ги сочувале низ илјадниците години. Прошетката низ пештерата е секако незаменливо искуство. Плажата Mirtos Прекрасно дело на природата. Засечена низ високите брегови на западната страна од островот, тешко пристапна низ тесниот и со живописна панорама кон морскиот хоризонт извиткан асфалтен пат, плажата Миртос претставува вистиско откритие. Нејзиното тиркизно море, белиот песок и белите бранови, стануваат видливи уште при самото нејзино лоцирање гледајќи од висината на стрмните гребени. Чувството на стравопочит кон оваа игра на природата, станува издржливо со самата желба која се јавува за што поскоро стигнување до неа. Миговите кои се доживуваат во овој природен спој на морето и копното се едноставно речено нераскажливи.

Прочитано 2010 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top