fbpx

НАЈУБАВИТЕ ПЛАЖИ НА КРИТ

Крит е препознатлив низ целиот свет поради незаборавните плажи, коишто се вбројуваат помеѓу најдобрите и најубавите, не само во Грција, туку и во цела Европа.

Елафониси
Плажата Елафониси всушност е мало островче што се наоѓа до југозападниот брег на Крит. Кога морето е мирно, плиткиот проток помеѓу двата острова може да се помине пешки, бидејќи длабочината не надминува половина метар. А, површината на Елафониси е приказна сама за себе. Прекриен е со ситен песок со неверојатна розова боја, која се должи на ситните парчиња од школки што се таложеле таму со векови наназад. Но бидете внимателни кога ја посетувате оваа плажа. Бидејќи се работи за заштитен предел, строго е забрането фрлање отпад или какво било друго загадуваање. Прекршителите подлежат на многу строги казни.

Балос
Оваа плажа го добила своето име бидејќи водите на тоа место потсетуваат на оние на индозенискиот остров Бали. Туристите кои го посетиле Крит се едногласни дека Балос е убедливо најдоброто место за оние што сакаат најголем дел од времето на плажа да го поминат во пливање. Се наоѓа на приближно 90 километри источно од живописниот град Ханија и околу 110 километри источно од Колумбари.

Фаласарна
Плажата Фаласарна се наоѓа на приближно 20 километри источно од Колумбари, на северозападниот брег на Крит. Пред неверојатната плажа со должина од 1 километар има кристално чиста вода, а во позадината се наоѓаат остатоците од античка римска населба. Ако се решите да ја посетите Фаласарна, останете таму до зајдисонце, бидејќи се вели дека нема да најдете поубаво зајдисонце на цел Крит.

Кедродасос
Кедродасос наликува на тропска, либанска плажа, поради исклучително ситниот песок кој е идеален за сончање, но и поради кедровите дрвја зад плажата. Кедродасос се наоѓа на 50 километри југозападно од Колумбари, на изолирана локација. Оваа плажа им ја препорачуваме на сите кои сакаат да се оттргнат од сѐ и да уживаат во апсолутниот мир, поточно на оние што преферираат диви плажи наместо организирани.

Колумбари
Колумбари е една од најдобро организираните плажи на островот, со бројни барови, таверни и ресторани. Се работи за долга плажа со покрупен песок, која секоја година се подобрува со додавање на нов песок и рамнење на подлогата. Колумбари е идеална плажа за комбинација од пливање, сончање и прошетки.

Лето 2019 одмор на остров Крит - директен лет од Солун

 

Крит е препознатлив низ целиот свет поради незаборавните плажи, коишто се вбројуваат помеѓу најдобрите и најубавите, не само во Грција, туку и во цела Европа.     Елафониси   Балос Балос     Фаласарна     Кедродасос     Колумбари   Елафониси Плажата Елафониси всушност е мало островче што се наоѓа до југозападниот брег на Крит. Кога морето е мирно, плиткиот проток помеѓу двата острова може да се помине пешки, бидејќи длабочината не надминува половина метар. А, површината на Елафониси е приказна сама за себе. Прекриен е со ситен песок со неверојатна розова боја, која се должи на ситните парчиња од школки што се таложеле таму со векови наназад. Но бидете внимателни кога ја посетувате оваа плажа. Бидејќи се работи за заштитен предел, строго е забрането фрлање отпад или какво било друго загадуваање. Прекршителите подлежат на многу строги казни.   Балос Оваа плажа го добила своето име бидејќи водите на тоа место потсетуваат на оние на индозенискиот остров Бали. Туристите кои го посетиле Крит се едногласни дека Балос е убедливо најдоброто место за оние што сакаат најголем дел од времето на плажа да го поминат во пливање. Се наоѓа на приближно 90 километри источно од живописниот град Ханија и околу 110 километри источно од Колумбари.   Фаласарна Плажата Фаласарна се наоѓа на приближно 20 километри источно од Колумбари, на северозападниот брег на Крит. Пред неверојатната плажа со должина од 1 километар има кристално чиста вода, а во позадината се наоѓаат остатоците од античка римска населба. Ако се решите да ја посетите Фаласарна, останете таму до зајдисонце, бидејќи се вели дека нема да најдете поубаво зајдисонце на цел Крит.   Кедродасос Кедродасос наликува на тропска, либанска плажа, поради исклучително ситниот песок кој е идеален за сончање, но и поради кедровите дрвја зад плажата. Кедродасос се наоѓа на 50 километри југозападно од Колумбари, на изолирана локација. Оваа плажа им ја препорачуваме на сите кои сакаат да се оттргнат од сѐ и да уживаат во апсолутниот мир, поточно на оние што преферираат диви плажи наместо организирани.   Колумбари Колумбари е една од најдобро организираните плажи на островот, со бројни барови, таверни и ресторани. Се работи за долга плажа со покрупен песок, која секоја година се подобрува со додавање на нов песок и рамнење на подлогата. Колумбари е идеална плажа за комбинација од пливање, сончање и прошетки.

Прочитано 76 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес
  • +389 43 231 221

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00 - 13.30

Top