fbpx

САРДИНИЈА термин 20. Јуни

  • Понудата е објавена на 02/04/2025

20. Јуни (Петок) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД - АЛГЕРО
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 13:45 часот. Полетување за Белград во 15:10 и пристигнување во 16:20. Полетување во 17:15 и пристигнување во Алгеро во 19:25 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

21. Јуни (Сабота) АЛГЕРО
Појадок. Прошетка во Алгеро, градот кој уште го нарекуваат и „Мала Барселона“. Тука жителите зборуваат каталонски, а натписите на улиците и менијата се двојазични. Историскиот дел на градот е заокружен со ѕидини и кули, од времето на шпанското владеење. Лавиринтот со живописни улици се протега се до главниот плоштад, каде се наоѓа катедралата Света Марија од 16 век, главната улица Виа Карло Алберто со црквата Сао Франческо, еден од најзначајните барокни објекти на Сардинија – црквата Сан Микеле. Алгеро е познат и по изработката на корален накит. Попладне, слободно време за уживање на плажа. Ноќевање.

22. Јуни (Недела) АЛГЕРО - САСАРИ
Појадок. Слободно време за уживање на плажа. Препорачуваме попладневна посета на Сасари, вториот град по големина, на Сардинија, кој со својот уникатен и автентичен шарм е една од најомилените дестинации на туристите. Сасари е град на уметноста и историјата која датира од неолитскиот период. Има неколку плоштади од кој најзначаен е главниот плоштад Италија на кој доминира споменикот на Виктор Емануел. Прошетка низ историското јадро при со катедралата посветена на Св. Никола, ѕидините, црквата Св. Марија, плоштадот Меркато, фонтаната Росело… Враќање во хотелот во Алгеро во вечерните часови. Ноќевање.

23. Јуни (Понеделник) АЛГЕРО - ГОЛФО ПЕВЕРО или ПОРТО ЧЕРВО
Појадок. Трансфер до Голфо Певеро во зоната на Коста Смералда – „Смарагдниот брег“, најпознатиот дел на италијанскиот брег и едно од најелитните и најпопуларнитe летувалишта во Европа. Брегот е полн со прекрасни песочни плажи, кристално чисто море, бујна медитеранска вегетација и живописни места. Пристигнување во избраниот хотел и сместување. Слободно време за уживање на плажа. Ноќевање.

24. – 26. Јуни ГОЛФО ПЕВЕРО или ПОРТО ЧЕРВО
Појадок. Денови за уживање на прекрасните плажи, прошетки, факултативни излети…Ноќевање.

27. Јуни (Петок) АЛГЕРО - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Организиран трансфер до Аеродромот во Алгеро. Полетување за Белград во 20:10 часот. Пристигнување во Белград во 22:05 и полетување за Скопје во 00:50. Слетување во Скопје во 02:05 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА:
Хотел Riviera 4* Алгеро

3 Ноќевања со појадок

и Хотел Piccolo Pevero 3* Порто Черво

4 Ноќевања со појадок

1199 Евра

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА:
Хотел Riviera 4* Алгеро

3 Ноќевања со појадок

и Хотел Colonna Park 4* Порто Черво

4 Полупансиони (Појадок и Вечера)

1388 Евра

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА:
Хотел Riviera 4* Алгеро

3 Ноќевања со појадок

и Хотел Grand 4* Порто Черво

4 Полупансиони (Појадок и Вечера)

1499 Евра

Цената вклучува:
Авионски превоз на релација Скопје-Белград-Алгеро и Алгеро-Белград-Скопје со вклучени аеродромски такси
Багаж за чекирање до 20кг и рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 кг)
Трансфери според програмата
Сместување во хотел во Алгеро на база 3 ноќевања со појадок
Прошетка во Алгеро
– Сместување во избраниот хотел во Порто Черво на база 4 ноќевања со појадок или полупансиони
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:
Прошетка во Сасари 30 евра
Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
Влезници во музеите и културно историските споменици
Билети за јавен превоз
Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патување

Информации и резервации 043 231 221

моб 078 730 777

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top