fbpx

ОДМОР ВО ЕГИПЕТ ЛЕТО 2023

  • Понудата е објавена на 20/01/2023

ХУРГАДА - бисерот на Црвеното море

Нурнете се во топлите води на коралното, тропско Црвено Море, само 3 часа лет.

Директни чартер летови од Јуни до Септември !
7, 10, 11 и 14 денвни аранжмани!
Голем избор на проверени хотели!
Одлични цени и услови !

КОМПЛЕТНА ПОНУДА ХОТЕЛИ

 

Издвојуваме од понудата и ви препорачуваме:

» DESERT ROSE RESORT 5*
Еден од најатрактивните фамилијарни ALL INCLUSIVE хотели во Хургада, погодно лоциран во туристичка зона на самиот брег на Црвеното Море. Располага со огромни зелени површини, голем број на барови и ресторани, аква парк, голема плажа...

» LABRANDA ROYAL 5*
Хотел со врвна услуга, богати содржини и ретко убава голема песочна плажа - погодно лоциран на самиот брег на Црвеното Море, во прекрасниот залив Макади Беј (Makadi Bay). Одличен избор за мирен и спокоен одмор на море.

» CONTINENTAL RESORT 5*
Сериозно квалитетен хотел со традиционално отмена услуга и содржини - идеален за удобен и спокоен одмор на брегот на Црвеното Море. Мирна атмосфера и сервис налик на бутик хотел, прекрасна природна песочна плажа вдолж брег од палми, а надвор - атрактивно туристичко шеталиште (Memsha), ресторани и барови, Buddha Bar, Hard Rock...

» JAZ MAKADINA 5*
Престижен и отмен хотел лоциран во еден од туристички најатрактивните луксузни хотелски комплекси во Хургада - MADINAT MAKADI. Првокласна 5* услуга, прекрасна песочна плажа, аква парк, голф терени, вкусна храна...

» SHERATON SOMA BAY 5*
Изграден во стилот на импресивниот храм Карнак, овој отмен и луксузен хотел ја има една од најубавите лагуни на Црвеното Море!

» PYRAMISA SAHL HASHEESH 5*
Огромен All Inclusive ресорт полн со содржини распослани низ прекрасно оплеменети градини, лоциран директно на долга песочна плажа во елитната туристичка зона Sahl Hasheesh.

» TITANIC ROYAL 5*
Овој сосема нов и луксузен хотел сместен на самата обала на Црвеното Море, поседува повеќе различни базени со вкупна површина од дури 5.200 м2, свој аквапарк со 13 тобогани, неколку ресторани и барови, софистицирано опремени соби и лобија, спа центар, детски клуб, и многу, многу други содржини.

» SUNNY DAYS RESORT 4*
Континуирано еден од најпопуларните и секогаш фотогенични хотели на Црвеното Море во Хургада. Од 2020 година, поранешните два Sunny Days хотели (Palacio & Palma De Mirette) се спојуваат во еден голем ресорт богат со содржини.

» MERAKI BEACH RESORT 4* (Adult Only)
Уникатен, модерен и секогаш забавен, еден од најпопуларните - МЕРАКЛИСКИ хотели. Уживајте и чувствувајте се живи во уникатната атмосфера на овој хотел само за возрасни

» FORT ARABESQUE RESORT 4*+
Хотел идеален за љубителите на вистинските убавини на Црвеното Море, лоциран во живопосниот залив Makadi Bay - на преубава сопствена песочна плажа долга 900м - една од најдобрите во целиот регион на Хургада. Официјална категоризација е 4*+, но наша категоризација - чисти 5* !

ХУРГАДА
Хургада - еден од најатрактивните ресорти во Египет, се наоѓа на окулу 5 часа возење ( 530км ) јужно од Каиро на западната обала на Црвеното Море - на афричко тло . Најголема атракција на Хургада е беспрекорно чистото и топло море. Од Нил ја делат окулу 150км каменеста пустиња чии врвови преминуваат 1700м. Градот е исполнет со голем број на ресторани, продавници, барови, мали пабови и интернет кафеа. Подводниот свет е исклучително богат така што Хургада е особено популарна кај љубителите на подводни спортови, нуркање и снорклинг.Она што е особено интересно за посетителите е и малиот, ненаселен архипелаг на корални острови со прекрасен подводен свет и бели, песочни плажи.
Освен за уживање во раскошот на стотиците хотели на обалата на Црвеното Море, Хургада е погодно лоцирана за посета на Каиро како и на импозантните храмови во Луксор стари по неколку илјади години.
Хургада е населена во почетокот на 20 век и од мало рибарско место, во последните десетина години прераснува во привлечна туристичка дестинација. Денеска Хургада е град со над 50.000 жители и се протега на повеќе од 40км покрај море.

DAHAR – е најстариот дел на Хургада, административен центар во кој се наоѓа главната пошта, автобуска станица за меѓуградски сообраќај, базат и пазар, полициска станица и граддска управа. Тука живее поголемиот дел од локалното население

SAKALA – спој на стариот традиционален Египет (бројни продавници, традиционални сувенирници, ресторани со национална кујна..) и современи туристички текови ( хотели од различна категорија, нова марина, шеталиште, ресторани, клубови, барови покрај самото море..). сакала се наоѓа на км јужно од дахар и км северно од туристичкиот центар Мемша како и 7км од аеродромот во Хургада.

MEMŠA – нов туристички центар на Хургада, туристички регион кој се развил многу брзо и се одликува со долго, поплочено и уредено шеталиштена кое се наоѓаат раскошни хотели, голем број на продавници, маркети, пазари, ресторани и познати барови и клубови како Hard Rock Café, Little Buddha, Elements..На само 2км од шеталиштето се наоѓа меѓународниот аеродром на Хургада.

SAFAGA ROAD – се наоѓа помеѓу Мемша и заливот Сал Хашиш . Воцентралниот дел на оваа зона се наоѓа едно долго, ново шеталиште со луксузни хотелски комплекси, продавници, маркети и големиот трговски центар Senzo Mall.

SAHL HASHEESH – е туристичка зона, прав бисер на Црвеното Море, која го добила името по истоимениот залив со прекрасна, тиркизна вода. Ова е ексклузивен дел на јужна Хургада кој го сочинуваат раскошни хотелски комплекси изградени покрај самиот морски брег а поврзани со шеталиште долго 8км покрај самото море. Од новиот центар Мемша, оддалечен е 18км а од стариот центар Сакала, 26км.

SOMA BAY – Туристичка зона на крајниот југ на Хургада, во истоимениот залив, во близина на градот Сафага. А оддалечен од Мемша 45км. Сома Беј е познат по луксузните комплекси од познати хотелски ланци и долгата песочна плажа ( окулу 5км долж заливот ). Поради коралните гребени, како расцветани рајски градини кои се идеални за гостите кои сакаат гњурење тоа е заштитена зона во регионот. Идеален е за мирен одмор во супер луксузните хотели изградени во самата пустиња покрај брегот на Црвено Море.

MAKADI BAY – Туристичка населба која се наоѓа на окулу 35км од Хургада, во истоимениот залив. Населбата е опкружена со прекрасна песочна плажа долга 4км и се состои од поввеќе луксузни хотели од познати хотелски брендови, изградени во уникатен стил, комфорно опремени со прекрасни градини и најразлични украси. Привлекува голем број на туристи, поготово оние кои сакаат нуркање.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ - ХУРГАДА
Освен уживањето на All Inclusive покрај плажа во вашиот ресорт, има многу други активности и места кои може да ви го збогатат престојот во Хургада:

Крстарење и снорклинг
Крстарење и снорклинг
Пливање со делфини
Пливање со делфини
Рајски острови
Рајски острови
Пустинско сафари
Пустинско сафари
Јавање камили
Јавање камили
Пирамидите во Гиза
Пирамидите во Гиза
Посета на Каиро
Посета на Каиро
Храмовите во Луксор

Побарајте понуда кај вашиот агент !

043 231 221

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2023

Понеделник - петок 09.00 - 18.00

Сабота 09.00-14.00

Top