fbpx

23.ОКТОМВРИ ВО РОМАНИЈА

Ве водиме во градот кој во 19. век ја снабдувал цела Европа со цвеќе ...Во парковите со илјадници ружи на брегот на реката Беге... Неофицијално, Ве водиме во Виена...Официјално-во Темишвар, градот кој е под силно влијание на Австрија и центар на Србите во Банат...

Прв ден: 21.10.2022 (петок)

Поаѓање на групата од Кавадарци во 21.00 часот и од Скопје во 22.30 часот (пред туристичките агенции ) кон Романија со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 22.10.2022 (сабота)

Во претпладневните часови пристигнување во Темишвар,четвртиот по големина град во Романија, познат и како културно-образовен и трговски центар на западна Романија. Градот е најголемиот културно историски центар на Србите во Романија, тука се наоѓа и седиштето на Епархијата на Темишварската Српска Православна Црква, што е сосема разбирливо бидејќи околу половина милион луѓе кои живеат тука се Срби. Градот уште го нарекуваат „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт и целата архитектура и амбиентот потсетуваат на стариот дел на Виена. Во поновата историја градот е познат и по тоа што токму тука на 16. декември 1989 година започнале протестите кои и` претходеле на Револуцијата, а подоцна и на падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску. Организиран разглед на градот со лиценциран туристички водич: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска Црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим, Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална Црква, Барокната Палата, како и Српската Православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас. По разгледот, сместување на групата во хотел „Strelitia“ 3*** (www.hotelstrelitia.com). Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

Трет ден: 23.10.2022 (недела)

Појaдок. Заминување на групата кон Арад, градот распослан на реката Мориш на северниот дел во областа Кришана. Градот има богато историско и културно наследство и претставува вистински музеј на отворено со архитектура специфична за 18, 19. и 20. век. Љубителите на архитектурата можат да им се восхитуваат на зградите изградени во бароктен, ренесансен, класичен или неоготички стил. Една од најубавите згради во градот е Палатата на управата, како и театарот, Палатата на културата, потоа старите згради и палатите кои се наоѓаат на Булеварот на Револуцијата како и Романската и Српската Православна Црква. Организиран разглед со лиценциран туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање во хотелот во Темишвар. Ноќевање.

Четврти ден: 24.10.2022 (понеделник)

Појадок. Заминување на групата кон шопинг центарот „Iulius Town“ (https://iuliustown.ro) кој претставува најголем деловен, малопродажен и забавен центар во целиот регион. Заедничкиот проект е изработен од компаниите IULIUS и Atterbury Europe и претставува најголема инвестиција во недвижен имот во регионот вредна над 220 милиони евра. Слободно време за идивидуални активности, шопинг и за ручек. Во попладневните часови заминуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........139 евра (8.620 денари)

(плаќање во денарска противвредност)


Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација

- Две ноќевања со појадок во хотелот Strelitia“ 3*** во Темишвар

- Организирана посета на Темишвар и Арад со лиценциран туристички водич

- Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Доплата за еднокреветна соба - 15 евра (за двете вечери)

- Туристичка такса - 3 евра (се плаќа во агенцијата)

- Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 01. Октомври 2022 година

Прочитано 291 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен 2022

Понеделник - петок 09.00 - 18.00

Сабота 09.00-14.00

Top