fbpx

 

1 ден (сабота) | Скопје – Малта
Состанок на групата на скопскиот аеродромот во 11:45 часот. Полетување за Малта во 13:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 15:30 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно време и прошетки по препорака на пратителот на групата. Ноќевање


2 ден (недела) | Малта - Гозо
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Поаѓање во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот град, а воедно и најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 - ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Слободно време за индивидуални активности.Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.


3 ден (понеделник) | Малта - Валета – Моста - Мдина
Појадок. Предлог - факултативна посета на Валета и Мдина. Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 - ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta'Qali (поранешен воен аеродром), каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и посета на Ко - катедралата на Свети Јован (St. John’s Co - Cathedral), дом на ремек - делото на Караваџо (Caravaggio) - "Обезглавувањето на Свети Јован" ("The Beheading of Saint John"). Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета. Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.

4 ден (вторник) | Рибарското село Marsaxlokk и пештери Blue Grotto
Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени чамци танцуваат на благи бранови. Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат посетени. Враќање назад во хотел. Ноќевање.

5 ден(среда) | Малта - Селото на Попај - Скопје
Појадок. За последниот ден Ви предлагаме да го посетите Popeye Village (Селото на Попај). Селото всушност претставува филмски сет, останат од 1980 година од музичката продукција "Popeye". Денес е интересна атракција каде што на момент ќе можете да се почувствувате како дел од филмски сет, заедно со ликовите од популарниот филм Попај Морнарот. Може да се забавувате на Градското игралиште на Дедо Мраз, да вкусите Малтешко вино, да се возите со чамец, да си купите сувенир кој ќе Ви биде прекрасен спомен од ова место и секако да го посетите Музејот за стрипови на Попај кој брои над 100 оригинални стрипови од 1936 година. Во договорено време враќање назад и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 16:20 часот. Слетување во Скопје во 18:00 часот.


ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 409 € (25.358 мкд.)
ПРОМОТИВНА ЦЕНА : 359 € (22.258 мкд.)
за резервации до 31.08.2022

Во цената на аранжманот е вклучено:
· Авионски билет на релација: Скопје - Малта - Скопје;
· Аеродромски такси
· Трансфер на релација: аеродром - хотел - аеродром на Малта;
· Сместување во хотел PLAZZIN HOTEL 3* - 4 ноќевања со појадок (https://palazzinhotel.com/);
· Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
· Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
· Професионална организација на аранжманот;

Во цената на аранжманот не е вклучено:
· Доплата за ркуфе од 20 kg;

· Туристичка такса 0.5 € на ден (се плаќа во хотелот на рецепција);
· Факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) - 50 €;
· Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич+ручек) - 60 €;
· Факултативен излет на Рибарското село Marsaxlokk и пештери Blue Grotto (трансфер + локален водич) - 45 €;
· Факултативен излет - посета на Popeye Village (трансфер + придружник од агенцијата) - 30 €;
· Туристичка такса
· Индивидуални трошоци;
· Патничко - здравствено осигурување;

Напомена :
Пријавување за факултативи при уплата на арнжман.За реализација на истите потребно миниму 14 пријавени патници.

Општи напомени:
· Организатор на аранжманот е партнер агенција на Сама Холидеј
· Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот
или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост
аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на
влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или
културни споменици;
· Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени
објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој
од локалитетите предвиден за посета и слично.

Прочитано 909 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен 2022

Понеделник - петок 09.00 - 18.00

Сабота 09.00-14.00

Top