fbpx

Ден 1  (28.12.2022 - среда) СКОПЈЕ - ЛИСАБОН

Состанок на патници на аеродромот 2 часа пред полетување. Полетување за Лисабон во 08:35 (преку Истанбул), слетување во Лисабон, наредниот ден, во 10:20 часот, локално време. 

Ден 2 (29.12.2022 - четврток) ЛИСАБОН

Пристигнување во Лисабон во 10:20 часот по локално време. Трансфер до хотел со организиран панорамски разглед на градот: Плоштад Маркис де Помбал, Авенија Слобода, Плоштад Рестаурадорес, Росио, плоштад Комерсио, кула Белем, манастирот Свети Џером, Споменик на откритијата, панорама на тврдината Свети Ѓорѓија….Сместување во хотел. Слободно време за одмор.Индивидуални вечерни прошетки.Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3 (30.12.2022 - петок) – ЛИСАБОН - СИНТРА - КАБО ДА РОКА - КАСКАИС - ЛИСАБОН

Појадок. Целодневна факултативна екскурзија „Синтра и Лисабонската ривиера“. Синтра е живописен град оддалечен околу 30 километри од Лисабон. Обиколен е со пошумени ридови и има специфична микроклима, па со векови била летна резиденција на португалските кралеви, до револуцијата во 1910 година. Разглед на палатата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија изградена во стилот на романтизмот од 19 век. Се наоѓа на рид над градот Синтра, а поради својот луксуз и убавина е вклучен на листата на светско културно наследство на УНЕСКО како едно од 7-те чуда на Португалија. Палатата е препознатлива по живите бои со кои се обоени нејзините тераси и кули и на тој начин претставуваат совршен контраст на зеленилото што го опкружува. Кабо да Рока е најзападната точка на Европа, чии географски координати се симболично испишани на камениот обелиск лоциран на карпеста карпа на 140 m надморска височина. Тоа е самиот крај на планинскиот венец Синтра, кој океанските бранови со абразија го претвориле во р’т, длабоко потопен во Атлантскиот Океан. Патувањето продолжува кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, кое е поврзано со Есторил. Денес и двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи. Враќање во Лисабон. Ноќевање.

Ден 4 (31.12.2022 - сабота) ЛИСАБОН

Појадок. Слободен ден, можност за посета и обиколка на Паркот на нациите, комерцијалниот и станбен кварт Лисабон кој претрпе голема трансформација по повод World Expo 98 - најголемиот затворен океанариум во Европа (билетот е околу 13 евра); или возење со жичарница со панорамски поглед на мостот Васко де Гама, најдолгиот мост во Европа, околу 17 километри. Вечерта дочек на Нова Година во центарот на градот. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 5 (01.01.2023 – недела) - ЛИСАБОН - ЕВОРА

Појадок. Можност за посета на познатиот град Евора. Сместен на 1 часот и 30 минути од Лисабон, градот има сè што е потребно за да ве воодушеви. Ќе откриете при посетата зошто градот го носи епитетот “град музеј”.Градот живеел неколку животи, бил римски до 5 век, потоа станал византиски град до 8 век, маварски град четири века за да конечно во 1165 год. не станал португалски. Во рамките на неговите средновековени ѕидини се наоѓа готска катедрала, ренесансни палати, макабрна капела покриена со илјадници човечки черепи и коски и живописни плоштади. Непосредно  надвор од градот се наоѓа „португалскиот Стоунхенџ“ (the Cromlech of Almendres), група камења што стојат како најважна мегалитска група на Пиринејскиот Полуостров. Во договорено време враќање, назад кон Лисабон. Вечерта можност за посета(факултативно) на типичен ресторан со ФАДО програма и фолклор инспириран од обичаите во различни области на Португалија. Ноќевање.

Ден 6 02.01.2023 - понеделник) ЛИСАБОН - ОБИДУШ - АЛКОБАСА - БАТАЛЈА - НАЗАРЕ - ЛИСАБОН

Појадок. Целодневна факултативна екскурзија „Обидос, Алкобаса, Баталја, Назаре“, можност за запознавање со централниот дел на Португалија. Обидуш е најубавиот и најдобро зачуваниот средновековен град во земјата и е целосно опкружен со тврдина висока 13 метри која датира од 12 век. Познат е и како „град на свадбените подароци“ бидејќи кралот Дениш и го подарил на својата сопруга кралицата Изабела за време на нивната венчавка во 1282 година. Тоа е, без сомнение, едно од најромантичните и најживописните села, карактеристично по тесни, калдрмани улички, двострано се издигаат шарени куќи покриени со цвеќиња, со карактеристични готски врати и прозорци и рачно насликани „azuležos“ плочки. Алкобаса е град познат по манастирот Света Марија, најголемата црква во цела Португалија од 12 и 13 век и еден од спомениците на листата на култура под заштита на УНЕСКО. Во манастирот се погребани најпознатите вљубеници во португалската историја - кралот Педро I и Инес Се Кастро, а нивните гробници се сметаат за најубави готски релјефни скулптури во историјата на португалската уметност. Во Баталја се наоѓа манастирот Санта Марија да Витрија, најголемото ремек дело на португалската готска уметност. Изграден е на крајот на 14 век по победата на Португалија над Кастилја и е на листата споменици под заштита на УНЕСКО. Бројните накитени столбови, кули и балустради од далечина делуваат како чипка. Назаре некогаш е најпознатото рибарско село во Португалија, познато по своите карактеристични рибарски чамци со интензивна боја, денес живописно и прометно туристичко место со долги плажи, одлични рибни ресторани и пазари. Враќање во Лисабон. Ноќевање.

Ден 7 (03.01.2022 - вторник) ЛИСАБОН – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите и организиран трансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување за Скопје (преку Истанбул) во 11:20, слетување во Скопје во 19:45 часот.

ЦЕНА по ЛИЦЕ : 899 Eur.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА до 15.09.2022 : 859 Eur.

Во цената е вклучено :
*Авио билет Скопје - Лисабон – Скопје (преку Истанбул)
*Аеродромски такси
*Чекиран багаж
*Трансфер аеродром – хотел – аеродром
*5 ноќевања со појадок во хотел FENIX GARDEN во Лисабон (https://www.hfhotels.com/hoteis/hf-fenixgarden-pt)
*Панорамски разглед на Лисабон со локален водич
*Организација на аранжманот и пратител од агенцијата

Цената НЕ вклучува:
*Туристичка такса , 2 евра од ноќ по лице (се уплаќа во хотел)
*Билети за јавен транспорт
*Задолжително патничко осигурување (информација во агенција)

Факултативни излети:
*ЛИСАБОН - СИНТРА - КАБО ДА РОКА - КАСКАИС + влезница за палатата Пена - 80 €
*ЛИСАБОН - ОБИДУШ - АЛКОБАСА - БАТАЛЈА - НАЗАРЕ - 80 €
*Посета на Евора – 65 €
*Вечера со ФАДО музика – 65 €

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА !!!

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
· Организатор на аранжманот е партнер агенција на Сама Холидеј
· Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа
· Целосна уплата на аранжманот е 20 дена пред почетокот на истиот
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите или промена на цената на трансферот
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
· Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ!

 

Прочитано 442 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен 2022

Понеделник - петок 09.00 - 18.00

Сабота 09.00-14.00

Top