ИСТАНБУЛ - градот кој ги поврзува континентите. Престолнина на три некогашни империи, Римската, Византиската и Отоманската. Сегашниот Истанбул е вистински пример за беспрекорна грижа за историско- културно наследство и висок стремеж кон иднината и современото. Историскиот белег на Истанбул е впечатлив преку бројните џамии, музеи, цркви, дворци и ориентални базари, кои ја формираат неговата уникатна физиономија. И покрај илјадниците години историја, Истанбул се’ уште е на прво место во однос на своето географско значење. Денес тој е огромна метропола која поврзува континенти, култури, религии и е дом на речиси 20 милиони луѓе.
ИСТАНБУЛ – НОВА ГОДИНА
30.12.2024 – 02.01.2025 | 3 ноќи | Лет од Скопје
Авионска програма ✈
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден (30.12.2024 ПОНЕДЕЛНИК) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:45 часот. Лет за Истанбул во 12:45 часот со авиокомпанијата AJET Airlines. Пристигнување во Истанбул во 16:15 часот по локално време, организиран трансфер до хотел, сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности, предлог – поаѓање со јавен превоз до плоштадот Таксим, прошетка по познатата и енергична улица Istiklal Caddesi, каде што се наоѓаат многубројните ресторани, продавници и барови, посета на Галата Кула, слободно време за шопинг или релаксирање со турско кафе, чај и локум. Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ден (31.12.2024 ВТОРНИК) ИСТАНБУЛ
Појадок. Панорамски разглед на градот со локален водич, посета на една од најзначајните симболи на Христијанството, Вселенската Патријаршија. Според рангирањето, оваа Патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст. Прошетка и слободно време по живописната, фотогенична и шарена населба Балат. Се упатуваме на популарното крстарење по Босфор, со панорамски разглед на двете страни на каналот, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат – Европа и Азија, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. Факултативна посета на најубавата Султанска Палата, Долмабахче Палатата градена во Европски стил во 19 век која била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската држава, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативен излет Истанбулски Сафир – облакодер ( Sapphire Seyir Terasi ) со висина од над 238м од каде што има прекрасна глетка кон градот. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА индивидуално на некој од плоштадите во Истанбул или факултативно Новогодишно крстарење со брод на Босфор со многу забава, шоу, пијалоци и спектакуларен огномет !
3 ден (01.01.2025 СРЕДА) ИСТАНБУЛ
Појадок. Истанбул е град со огромен број на знаменитости и места кои треба да се видат и доживеат. Факултативна пешачка тура каде ќе имате можност да се запознаете со најзначајните знаменитости на Истанбул, посета на Џамија Султан Ахмед, наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствената Џамија со 6 минариња, посета на Хиподромот кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото. Надворешен разглед на Аја Софија – црква, џамија, музеј и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустиниан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата ја претворил во Џамија, а Кемал Ататурк во 1936 год од Аја Софија направил музеј. Од Јули 2020 година повторно се користи како Џамија.
Посета на Султановиот дворец опкружен со море од сите страни, Топ Капи Палатата заедно со харем и црквата Aja Ирини – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела каде што е изложен мечот на пророкот Мухамед. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величенствениот. Враќање во хотел или предлог разглед и шопинг во Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи.
4 ден (02.01.2025 ЧЕТВРТОК) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотел согласно хотелските правила. Трансфер кон аеродромот. Лет за Скопје во 11:55 часот по локално време. Пристигнување во Скопје во 11:25 часот по локално време.
Во цената е вклучено:
•Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Ajet Airlines • Аеродромски такси, рачен багаж (до 8 кг).
•Сместување и 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* во историскиот централен дел на Истанбул.
•Панорамски разглед со превоз и локален водич – Вселенска Патријаршија и Балат.
•Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
•Организирани трансфери во Истанбул: аеродром - хотел – аеродром.
Во цената не е вклучено:
•Патничко здравствено осигурување
•Чекиран багаж (информации во агенција)
•Дополнителни оброци и пијалоци
•Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
•Факултативни посети, излети и влезници ( ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ ВО АГЕНЦИЈА )
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
•Влезница за Долмабахче Палата 45 €
•Влезница за Sapphire Seyir Terasi 30 €
•Дневно крстарење по Босфор 25 €
•Султанахмет пешачка тура (Аја Софија надворешен разглед, Сина Џамија, Хиподром) Топкапи Палата, Црква Аја Ирини и Харем, Капали Чаршија со вклучени влезници и локален водич 75 € , без влезница за Топкапи Палата – 35 €
•ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА НА БОСФОР ! Турска вечер 130 € целовечерно крстарење по Босфор со многу забава, шоу, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци и храна, вклучен трансфер од/до хотел
ЗАБЕЛЕШКИ:
•За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 15 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
•Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
•За резервации потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
•Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
•Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
•Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.