fbpx

Стокхолм е главниот град на Шведска, но и најнаселен град на Скандинавскиот полуостров во кој живее 22% од населението во Шведска. Основан во 1250 год. Стокхолм од секогаш бил и е економски, културен и политички центар на Шведска. Неговата локација се простира на 14 острови. Градот е познат по својата убавина и специфичната архитектура, неговата чистота и опкруженоста со вода како и големиот број на паркови. Познат и како Венеција од северот. Шетајќи низ неговите улици или пак пловејќи по неговите канали ќе сретнете од најмодерни достигнувања на архитектурата до барокни зданија во кои ќе може да го испиете првото утринско кафе со единствен поглед на некоја од многуте палати со прекрасни градини од кои ќе ви застане здивот за миг.

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

28. Април (Петок) СКОПЈЕ - СТОКХОЛМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 16.45 часот. Авионот за Стокхолм полетува во 18.45 и слетува во 21.45 часот. Сместување во хотел. Ноќевање.

29. Април (Сабота) СТОКХОЛМ

Појадок. Разглед на градот кој лежи на 14 острови: Градското собрание во чија златна сала се доделуваат Нобеловите награди и за Швеѓаните е најубавата зграда во земјата, кралската опера, кралските градини, парламентот... Пешачка прошетка до островот каде што се наоѓа стариот дел на градот, Гамла стан, со еден од најдобро зачуваните средновековни квартови во Европа. Популарниот плоштад Сторторгет, музејот на Алфред Нобел, средновековната катедрала и кралската палата, која сè уште е официјална резиденција на шведското кралско семејство и со 608 соби е меѓу најголемите палати во Европа. Промена на стражата на палатата во Стокхолм е исто толку спектакл како и во Лондон. Гамла Стан е остров со многу знаменитости, ресторани и барови. Слободно време да се проба и омилената храна на Швеѓаните Inlagd sill -харинга во саламура или Gravad lax – пушен лосос и за десерт принцес крофни за кои имаат посебна традиција. Ноќевање.

30. Април (Недела) МАРИЕФРЕД

Појадок. Полудневен излет до шармантното гратче Мариефред, место во близина на Стокхолм на езерото Маларен и познатиот замок Грипсхолмс, сега музеј, но сè уште се смета за палата на располагање на кралот, доволно живописен за да биде многу често на шведските разгледници. Железницата со тесен колосек, парните возови, калдрмата покрај езерото Маларен, центарот на градот со необични ресторани, барови и дуќани привлекуваат посетители од целиот свет. Враќање во Стокхолм. Во вечерните часови, препорачуваме прошетка на островот каде пораснала Грета Гарбо Седермалм, дом на боемската и алтернативна култура, со голем избор на барови, ресторани, шведски продавници за мода и дизајн и уметнички галерии. Според мислењето на многумина, во оваа област се наоѓаат најдобрите видиковци Флeјгатан и Монтелиусваген, со незаборавен поглед на градот. Ноќевање.

01. Мај (Понеделник) СТОКХОЛМ - СКОПЈЕ

Појадок. Предлагаме крстарење со брод под мостовите, околу прекрасниот архипелаг на Стокхолм, за целосно уживање во прекрасните пејсажи, главните знаменитости и да се види зошто е наречен „Венеција на северот“. Потоа следи посета на островот Џургарден кој годишно го посетуваат над 10 милиони туристи, го нарекуваат и остров на музеите бидејќи тука се наоѓаат најдобрите градски музеи, како оној на светски познатиот шведски бенд АББА во кој има неколку интерактивни аудио и видео пултови каде што посетителите можат да пеат или пуштаат некои од хитовите на популарната шведска група или да танцуваат на сцена со холограми на другите членови од бендот. Скансен - најстариот музеј на отворено кој со повеќе од 150 антички куќи ја прикажува шведската историја, развојот на нејзината архитектура и поранешните обичаи и живот. Можност за посета на прочуениот музеј Vasamuseet, во кој се наоѓа воениот брод Васа, кој бил потонат на своето прво патување во 1628 година. Бродот бил изграден по наредба на големиот крал Вас и бил најмоќниот воен брод од таа ера. Организиран трансфер до аеродромот во Стокхолм. Полетување за Скопје во 22.20 часот. Пристигнување во 01.20 часот.

За уплата до 20 Март: 549 евра (34.040 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 евра (37.140 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Стокхолм-Скопје

Аеродромски такси

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

Сместување во Hotel C Stockholm 4* (http://skr.rs/zcfg ) во центарот на градот на база 3 ноќевања со појадок

Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

Организиран разглед на градот Стокхолм

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг - 4.500 мкд/ чекиран багаж - куфер до 20кг - 7.000 мкд *( цената е променлива, инфо во агенција при резервација)

Излет до Мариефред и посета на замокот Грипсхолмс (превоз, водич, влезница) 65 евра - задолжително пријавување и уплата во агенција

Крстарење со брод 45 евра - задолжително пријавување и уплата во агенција

Туристичка такса 930 мкд по лице за цел престој (се плаќа во агенција)

Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Патничко и здравстено осигурување

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

Прочитано 140 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2023

Понеделник - петок 09.00 - 18.00

Сабота 09.00-14.00

Top